Connect with us

Странски банки

ФЕД ги зголемува каматните стапки во март!?

Објавено

на

Федералните резерви на САД (ФЕД) соопштија дека најверојатно ќе ги зголемат каматните стапки во март и ги потврдија плановите да го прекинат купувањето на обврзници истиот месец како мерка за борба против инфлацијата, изјави претседателот на ФЕД, Џером Пауел.

„Одборот има намера да ја зголеми стапката на федерално финансирање на состанокот во март, под претпоставка дека условите се поволни“, рече Пауел на прес-конференција, цитирајќи го соопштението на Федералниот комитет за отворен пазар на Федералните резерви на САД дека каматните стапки се зголемуваат „наскоро“, пренесува „Reuters”.

„Надоместокот за зголемувањето на каматните стапки и можното намалување на средствата на ФЕД ќе следи по потреба”, изјави Пауел, додека официјалните лица следат колку брзо инфлацијата паѓа од тековните повеќедецениски највисоки до два отсто, како што е цел на централната банка. Тој изјави дека ова ќе биде година на оддалечување од многу флексибилната монетарна политика, која послужи за справување со економските последици од пандемијата.

„Останува многу недефинирано и неизвесно”, им соопшти Пауел на новинарите по завршувањето на последниот дводневен состанок за политиката на ФЕД, вклучувајќи го и темпото на идните зголемувања на каматните стапки. Сепак, тој беше експлицитен дека ФЕД планира да влијае на намалувањето на кредитирањето оваа година и да ја прекине извонредната поддршка што и ја пружи на американската економија за време на пандемијата.

Индексот „S&P 500″, кој зајакна за повеќе од два проценти во средата пред обраќањето на Пауел, значително ослабна за време на неговата прес-конференција, губејќи околу 1,15% од вредноста. Технолошкиот индекс „Nasdaq”, кој трпи загуби од почетокот на годината, не се промени значително. Пораснаа приносите на долгорочните државни хартии од вредност.

Странски банки

ЕБОР ја намали прогнозата за раст на македонската економија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за економски раст за Македонија за 0,3 проценти. Во последниот извештај за регионалните економски состојби, ЕБOР за Македонија ја намали прогнозата од 3% на 2,7% економски раст. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Со трговската диверзификација и отвореност до подобри работни места, поголем економски раст во Северна Македонија

Објавено

на

Недостигот на трговска диверзификација и концентрацијата на извозот ја ограничуваат улогата на трговијата во економијата на Северна Македонија, со стапки на раст континуирано под оние на ЕУ и другите земји од Западен Балкан. Доколку сака да создаде квалитетни работни места, да ја намали сиромаштијата и да го подобри животниот стандард на луѓето, економијата на земјата треба да стави поголем акцент на трговската диверзификација и отвореност, забележува меѓу другото новиот извештај на Светска банка, Стратегија за трговска политика 2.0 за Северна Македонија што беше презентиран денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени

Објавено

на

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени, што е второ зголемување во претходните 15 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно