Connect with us

Странски банки

ФЕД вбризгува дополнителни 2,3 милијарди долари во американската економија

Објавено

на

Централната банка на САД (ФЕД) објави дека ќе обезбеди дополнителни 2,3 милијарди американски долари економска помош, особено за деловните субјекти и локалните заедници погодени од пандемијата на коронавирус.

„Овие средства ќе им помогнат на домаќинствата и работодавачите од сите категории и ќе им дадат на локалните и регионалните власти средства да обезбедат круцијална помош во ова време на пандемијата“, се вели во соопштението на ФЕД.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел изјави дека парите конкретно ќе бидат наменети за деловните субјекти чие работење е целосно стопирано поради пандемијата, со цел да се обезбеди полесно и поинтензивно закрепнувањето.

Една од најголемите мерки, како што е наведено во соопштението, ќе биде обезбедување на 600 милијарди американски долари за бизнисите кои вработуваат до 10 000 луѓе или имаат обрт од 2,5 милијарди долари во 2019 година.

„Програмата ќе биде промена за 40,000 средни бизниси што вработуваат над 35 милиони Американци“, изјави американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин.

Федералните резерви прецизираат дека ќе обезбедат поволни кредити со рок на отплата од 4 години во вредност од 600 милијарди американски долари за компаниите кои имале добра финансиска структура пред кризата.

Администрацијата на САД работи напорно за да ги спаси работните места и да им обезбеди на бизнисите погодени од кризата да можат брзо да закрепнат по пандемијата.

САД минуваат низ криза што се споредува со Големата депресија од 1929 година. Минатата недела 6,6 милиони луѓе ги загубија своите работни места.

Преку овој нов пакет мерки, Федералните резерви ја надополнуваат веќе одобрената помош за бизнисите со 500 или помалку вработени, вредна 350 милијарди американски долари, од пакетот одобрен минатата недела во вредност од 2.200 милијарди американски долари.

Странски банки

Светска банка го откажа извештајот Doing Business поради „местење“ на рангирањето

Објавено

на

Светската банка го откажа објавувањето на извештајот за регулативата за водењето бизнис во земјите ширум светот откако истрагата открила „непримерен притисок“ на челниците при составување на табелата и спорниот пласман на Кина но и на Саудиска Арабија, Обедиенетите Арапски Емирати и Азербејџан. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Србија издаде “зелена обврзница” на износ од една милијарда евра за прв пат во својата историја

Објавено

на

Со издавањето на зелената обврзница, Србија во четвртокот стана една од ретките европски земји и единствена европска земја надвор од Европската унија што издаде зелен инструмент, објави Народната банка на Србија, наведувајќи дека Србија реализирала две емисии на меѓународниот финансиски пазар.Еврообврзница во евра (двојна транша). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

(ВИДЕО) Германската централна банка пере пари во вистинска смисла на зборот!?

Објавено

на

Кога банкнотите ќе се извалкаат, германската централна банка Бундесбанк, ги пере во вистинска смисла на зборат. (more…)

Продолжи со читање



Популарно