Connect with us

Лични финансии

Февруарски штеден предизвик – Зошто сега е вистинското време да заштедите пари?

Објавено

на

Доколку сте заинтересирани да заштедите пари, февруари е вистинското време целосно да се посветите на тоа и да го испробате февруарскиот штеден предизвик.

Овој месечен предизвик е актуелен веќе неколку години, при што блогерите и инфлуенсерите пишуваат за него преку социјалните медиуми веќе подолг период.

Што всушност претставува февруарскиот штеден предизвик? Како што пишува „US News“, идејата е дека февруари е најкраткиот месец, сите се одмориле од празничното шопинг лудило, па зошто да не го искористите февруари за да направите нешто толку важно – да ги вратите своите финансии на прав пат?

Ако навистина размислувате да го испробате февруарскиот штеден предизвик, еве неколку идеи:

– Внимавајте на вашите трошоци и евидентирајте ги;

– Намалете ги трошоците за електрична енергија;

– Префрлете се на „парична” диета;

– ревидирајте ги другите сметки;

– Вложете повеќе пари во заштеда.

1. Внимавајте на трошењето и евидентирајте ги сите издатоци

Ова е прилично болна финансиска вежба, но сигурно ќе се исплати на долг рок, пренесува „US News“.

„Во текот на февруари, внимавајте колку пари трошите, и при плаќање во готово и при користење на платежни картички. Сите трошоци што ќе ги направите, евидентирајте ги за да имате увид на крајот од месецот. Многу луѓе остануваат шокирани кога ќе сфатат каде навистина ги трошат нивните пари.

„Исто како што броењето калории често ве тера да размислите двапати за тоа што јадете, кога ќе видите како се трошат вашите заработени пари, ќе размислите двапати пред да ги потрошите“, вели Кајл Вајпл од една фирма за финансиско планирање.

2. Намалете ги трошоците за електрична енергија

Даун-Мери Џозеф, основач на фирма за зачувување на недвижнини со седиште во Мичиген, истакнува дека го одобрува и применува „штедливиот” февруари.

„Иако многу индивидуи можеби не се ентузијасти за концептот на овој предизвик, тоа е одлична работа и може многу да ви помогне да ги намалите трошоците“, вели Џозеф.

Таа особено ја потенцира идејата за намалување на потрошувачката на електрична енергија и гас.

„Намалете ја светлината во куќата и гаснете ги светлата кои непотребно се запалени. Ова е исто така одлична можност да ги замените постарите светилки со лед светилки за заштеда на електрична енергија. Ќе бидете изненадени кога ќе видите колку лед светлата значително ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија, а притоа значително ќе ја намалат и вашата сметка за струја.

За оние кои се грејат на електрична енергија, исклучете го термостатот или едноставно намалете го. Се проценува дека се заштедува околу еден процент од сметката за струја кога ќе го спуштите термостатот за само еден степен, под претпоставка дека го одржувате на ниско осум часа. Чувајте го термостатот пониско за, да речеме, пет степени, и можете да видите како тоа може да ви помогне во намалување на сметката.

Исто така, носењето џемпер во куќата или да се покриете, навистина можат да ги намалат вашите трошоци, наместо да го пуштите греењето на најсилно. По вашата сметка за празниците во декември и јануари навистина ќе бидете среќни кога ќе видите значително помала сметка за струја во февруари“, посочува Џозеф.

3. Префрлете се на „парична” диета

Можете да потрошите многу помалку пари на храна, доколку купувате само она што навистина ви е потребно.

„Предизвикајте се да јадете нови работи што се поевтини и претпочитајте да готвите дома“, сугерира финансискиот советник Венди Терил.

Ослободете се од импулсивното купување и трошење. Ова значи дека нема да потрошите ниту еден денар повеќе од она што треба, доколку се придржувате кон советите и го избегнувате импулсивното купување. Тоа со сигурност ќе стави крај на вашата неразумна потрошувачка.

Се разбира, монетарната диета не значи дека нема да потрошите ниту еден денар. Меѓутоа, ако изберете да гледате филм дома наместо да одите во кино, веќе сте на добар пат да заштедите.

Доколку не ви е неопходно да купите нова облека во февруари, тогаш не купувајте, а парите кои сте подготвени да ги потрошите за облека, едноставно заштедете ги.

4. Ревидирајте ги другите сметки

Вие ги следите вашите трошоци и веќе преземате дополнителни чекори кон заштеда. Сега можеби ќе сакате да разгледате на што сè уште трошите пари.

„Доколку имате кабелска или сателитска телевизија и ги имате вклучено сите можни пакети, а гледате само неколку канали, тогаш имате големи непотребни трошоци за претплата за пакет кои не ви е потребен. Променете го вашиот пакет и исклучете ги каналите кои не ви се потребни.

Прегледајте ги вашите кредитни картички и банкарските извештаи за да видите што се случува со автоматските плаќања. Понекогаш се пријавуваме за некоја услуга која била промотивна, но промоцијата завршила, а услугата и не ви е баш од корист, а сте заборавиле да ја откажете, но таа константно си се наплаќа. Тоа се пари што излегуваат од вашиот џеб за кои дури и не знаете“, вели Венди Терил.

Навистина ќе бидете изненадени колку помалку пари ќе плаќате, кога ќе ги ревидирате сметките.

5. Вложете повеќе пари во заштеда

Доколку се придржувате кон овие совети и го применувате штедливиот февруари, можеби двојно ќе ја зголемите вашата заштеда само за овој месец.

Меѓутоа, заштедените пари од применување на сите препорачани мерки погоре, заштедете ги во банка или инвестирајте ги во нешто што ќе ви донесе дополнителен принос на долг рок.

Лични финансии

Како да заштедиме пари додека патуваме во Европа?

Објавено

на

Секогаш кога патуваме се прашуваме дали сме го организирале патувањето така што цело време ќе се чувствуваме удобно, без да потрошиме цело богатство. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Корисни совети за оптимизирање на повиците за акција преку е-пошта

Објавено

на

Без оглед на видот на е-поштата, главната цел на секој повик за акција е да ги охрабри луѓето да преземат акција. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Што е лидер?

Објавено

на

Тоа е толку едноставно прашање, но сепак продолжува да ги збунува дури и некои од најдобрите мислители во бизнисот. Има доста книги за лидерството, но сепак е тешко да се застане за да се дефинира. (more…)

Продолжи со читање

Популарно