Connect with us

Домашни банки

ФАНТАСТИЧНА ГОДИНА за Стопанска банка а.д. Битола – добивката за една година порасна за неверојатни 10.567%

Објавено

на

Според податоците до кои дојде Банкарство.мк, иако годинава владее светска пандемија на коронавирусот, сепак тоа не е пречка за банкарскиот сектор да постигнува исклучително успешни резултати. Водечките три банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Банка) за девет месеци во 2020 година имаат добивка од 67,58 милиони евра, што во време на пандемија на коронавирусот претставува исклучителен резултат.

Анализирајќи ги податоците на целиот банкарски сектор ќе видиме дека и останатите банки се многу успешни и сите имаат позитивни финансиски извештаи на крајот на третиот квартал.

Но, анализирајќи ги податоците подетално можевме да забележиме дека поголем дел од банките бележат намалување на добивките во однос на истиот анализиран период од претходната година. Намалување на добивката заклучно со третиот квартал на 2020 година, споредено со нето добивката остварена во истиот период на минатата година бележат Стопанска банка АД – Скопје, НЛБ Банка и ТТК Банка.

Сепак, има и банки за кои 2020 година е значително поуспешна во споредба со претходната година. Кога сме кај растот на добивката, тука значително се издвојува една банка, а тоа е Стопанска банка а.д. Битола, која бележи фантастичен резултат заклучно со третиот квартал на 2020 година. Додека во првите шест месеци на 2020 година имаше раст на добивката од високи 1.454%, третиот квартал на 2020 година дополнително ја вивна добивката на битолската банка, па заклучно со 30.09.2020 година, Стопанска банка а.д. Битола бележи раст на добивката за неверојатни 10.567,49%.

Во периодот 1.1.-30.9.2020 година Стопанска банка а.д. Битола континуирано го прилагодуваше своето работење на новонастанатата ситуација со пандемијата од вирусот COVID-19 која силно влијаеше на целокупниот домашен и глобален економски амбиент.

Задржувајќи го фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, Банката делуваше во насока пред се на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и домаќинствата притоа максимално залагајќи се за безбедност на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Успешното справување со наметнатите предизвици и брзото прилагодување на краткорочните активности придонесоа за остварување на позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.-30.9.2020 година, односно добивка во износ од 82,35 милиони денари, но што е уште позначајно банката оствари пораст на добивката за неверојатни 10.567,49%, споредено со нето добивката остварена во истиот период на минатата година.

Ова ја става Стопанска банка а.д. Битола како лидер кај македонски компании со убедливо најголем пораст на добивката за девет месеци од 2020 година во споредба со истиот анализиран период од претходната година.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно