Connect with us

Домашни банки

ФАНТАСТИЧЕН ПОЧЕТОК НА ГОДИНАТА за Комерцијална банка – оствари добивка од 5,8 милиони евра во првите три месеци на 2021 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.03.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 360,2 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 217,5 милиони денари што претставува зголемување за 65,6%.

Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 73,1%. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 8,2% поголема во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на нето-приходите од провизии, зголемување на приходите од нето тргувања и повисоките останати приходи од дејноста, во чии рамки се зголемени капиталните добивки од продажба на преземен имот. Позитивниот резултат од работењето Банката го оствари во услови на пролонгирана здравствена и економска криза како резултат на пандемијата со Ковид-19, поради што од страна на Владата е донесена Одлука за продолжување на рокот на постоење кризна состојба во Државата до 30.06.2021 година.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.053,1 милион денари и бележат зголемување од 3,5% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2021 година истите бележат намалување од 5,7% во однос на истиот период од минатата година главно како резултат на намалувањето на приходите од камата од кредити дадени на домаќинства и нефинансиски друштва поради намалени каматни стапки, како и од секторот финансиски друштва по основ на намалени каматни стапки и намалени пласмани во благајнички записи. Планот за анализираниот период е остварен со 91,1%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2021 година изнесуваат 241,1 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 6,9% како резултат на пониска споредбена основа во истиот период минатата година, кога заради прогласувањето на пандемијата и затворањето на земјата значително намалување забележаа активностите на Банката. Планот за анализираниот период е остварен со 114,1%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2021 година изнесуваат 41,9 милиони денари и бележат намалување од 3,8%. Планот за анализираниот период е остварен со 101,5%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2021 година изнесуваат 187,7 милиони денари и бележат зголемување во најголем дел како резултат на поголем износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 128,6%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2021 година изнесуваат 407,8 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се намалени за 3,2%. Планот е остварен со 96,7%.

Во периодот од 01.01-31.03.2021 година Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 1,5 милиони денари .

Во извештајниот период Банката оствари исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 283,7 милиони денари, наспроти 378,9 милиони денари во истиот период минатата година.

Вкупната актива на Банката на 31.03.2021 година достигна износ од 135.987,3 милиони денари и во однос на декември 2020 година бележи зголемување од 2,6%. Зголемувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на зголемувањето на паричните средства, кредитите на коминтенти и останати побарувања. Планот е остварен со 101,3%.

Паричните средства и паричните еквиваленти бележат зголемување од 7,7%. Планот е остварен со 107,0%.

Средствата за тргување бележат пораст по основ на усогласување на пазарната вредност на акциите и купени акции.

Финансиски средства по објективна вредност преку билансот на успех определени како такви при почетното признавање во износ од 346 милиони денари се состојат од вложувања во удели во инвестициски фондови.

Кредитите на и побарувањата од банки бележат намалување од 2,9%, кое се должи на доспеани и вратени кредити за ликвидност од домашни банки. Планот е исполнет со 97,1%.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти бележат зголемување од 0,5% како резултат на зголемено кредитирање на секторите нефинансиски друштва и држава. Планот е остварен со 99,8%.

Вложувањата во хартии од вредност се намалени за 2,9% како резултат на поголем износ на доспеани од запишани државни записи во денари. Планот е остварен со 93,3%.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 8,8% и имаат минимално учество во вкупната актива.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) достигнаа износ од 119.725,0 милиони денари и бележат зголемување од 2,5%. Планот е остварен со 101,3%.

Обврските по кредити достигнаа износ од 553,6 милиони денари и се намалени во однос на декември 2020 година како резултат на отплатени доспеани рати од кредитните линии. Планот е остварен со 101,1%.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно