Connect with us

Форекс

Факти за котираните компании на Македонска берза за 2020 година

Објавено

на

Публикацијата „Факти за котираните компании“ содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.- 31.12.2020 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало во 2020 година.

Секој преглед за котирано друштво е поделен на три дела. Првиот дел содржи основни податоци за друштвото, пазарни податоци за 2020 година и пазарни податоци за првиот квартал од 2021 година.
Графиконот го покажува движењето на просечната цена на акцијата и прометот остварен од редовно тргување во денари во периодот од 01.01.2020 до 31.03.2021 година.

Вториот сегмент вклучува податоци од неревидираните финансиски извештаи за 2020 година за котираните друштва, за дел од нив се користени консолидирани финансиски извештаи. За 2019 и 2018 година користени се податоци од годишните ревидирани биланси на успех и биланси на состојба.

Третиот дел се финансиските показатели, кои се пресметани врз основа на пазарните податоци и податоци од финансиски извештаи за 2020, 2019 и 2018.

Повеќе за публикацијата „Факти за котираните компании“ погледнете на линкот: Fact book 2020 ➡

Форекс

Македонска Берза: Вкупниот промет на берзата во месец мај изнесувал 472.874.001 денари

Објавено

на

Македонска берза ги објави податоците од статистичкиот билтен кој се однесува за периодот од 01.05 – 31.05.2021 година, кога вкупниот промет изнесувал 472.874.001 денари, односно бележи намалување за 31,12% во однос на претходниот месец (април). (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Цените на нафтата највисоки од март

Објавено

на

Цените на нафтата во Лондон скокнаа на највисоко ниво од март – на 71 американски долари, поради зголемените очекувања за зголемена побарувачка на гориво за време на сезоната на летни патувања во САД. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Ивана Гажиќ нов член во Одборот на директори на Македонска берза

Објавено

на

Во согласност со член 166-б од Законот за хартии од вредност, Македонска берза известува дека поради комплетирање на составот на Одборот на директори, на 28.05.2021 година, Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на неизвршен член на Одборот на директори на Берзата, согласно која за неизвршен член на Одборот е именувана г-ѓа Ивана Гажиќ. (more…)

Продолжи со читање


Популарно