Connect with us

Останато

УЈП: Фирмите до 25 јануари да издадат збирна пресметка за исплатени приходи и придонеси

Објавено

на

Фирмите и работодавците како исплатители на приходи имаат обврска најдоцна до 25 јануари 2017 година на сите физички лица (граѓани) на кои во текот на изминатата година вршеле исплати на приходи, да им издадат Збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси за 2016 година.

Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приходот, врз основа на која граѓанинот ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП).

 

Доколку до 25 јануари 2017 година, економските субјекти на граѓанинот не му издадат збирна пресметка за 2016 година, законот предвидува глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице во даночниот обврзник, ќе му биде изречена глоба во износ од 30% од одмерената глоба за даночниот обврзник.

 

УЈП напоменува дека до 31 јануари фирмите-исплатувачи, задолжително по електронски пат треба да поднесат до Управата за јавни приходи годишен извештај за извршените исплати на граѓани во 2016 година по основ на откуп на земјоделски производи и годишен извештај за извршениот откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци во 2016 година. Годишен извештај поднесуваат и организаторите на зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, а до крајот на јануари треба да се поднесе и годишен извештај за извршени исплати на приходи на физички лица во 2016 година, по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по добивка.

 

Исплатувачите кои извршиле исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај “ПДД-ГИ“, информира Управата за јавни приходи.

 

 

 

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Со новите измени на Законот, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот!?

Објавено

на

Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот, смета Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колапс на приватниот сектор во Јапонија – бројот на банкротирани компании за една година се зголемил за неверојатни 49%

Објавено

на

Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-пандемиските мерки. (more…)

Продолжи со читање



Популарно