Останато
УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ


Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година.
Лукаревска го запозна Тевдовски со тековниот процес на работа во Регионалната дирекција, а министерот и лично имаше можност да поразговара со вработените на кои им честиташе за досега успешно спроведените активности.
На средбата во текот на разговорот, Лукаревска и Тевдовски го истакнаа и редовниот и автоматски поврат на ДДВ кон фирмите, за што Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници.
Преку развојот на Модулот за автоматско пребивање се воспостави систем за неселективен и автоматски поврат на даноци кон даночните обврзници. Пример за тоа е повратот на ДДВ кон претпријатијата во 2018, кој беше брз и неселективен. Минатата година реализираниот поврат на ДДВ изнесува 23,1 милијарда денари и тој е за 19,3% повисок од 2017 година. – рече министерот за финансии Тевдовски.
Инаку за подобро функционирање и давање на подобри услуги на граѓаните и фирмите, УЈП оди кон автоматизирање на процесите. Во таа насока се и платформата е-персонален данок и претпополнетата даночна пријава. Со оваа реформа граѓаните се ослободени од административните процедури и долгото чекање на шалтери. Благодарение на електронскиот систем, граѓаните ќе имаат и увид во своите приливи, платените и неплатени придонеси.
“Целосно сме посветени на реализација на започнатите проекти и на реформите коишто се предвидени за годинава. Со задоволство можам да кажам дека веќе имаме 100% успешност на е-Персонален данок системот на којшто се регистрираа 656 000 граѓани, а се уште се регистрираат и физичките лица кои до тој рок не го направиле тоа. Успешната реализација е благодарание и на сите граѓани кои и дадоа шанса на оваа реформа и соработуваат со Управата за јавни приходи. Од 1 Јануари веќе започнавме со подготвување на претпополнета Годишна даночна пријава којашто ќе им биде доставена на сите физички лица регистрирани на е-пдд, по што од нив ќе чекаме потврда или корекција, со што верувам дека целосно ќе заокружиме еден успешен процес” – рече директорката Лукаревска.
Исто така, во насока на автоматизирање на процесите УЈП воведе софтвер за евалуација на ризикот, кој овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз претходно утврдени критериуми за ризик. Со овој софтвер се обезбедува објективна селекција на даночни обврзници за контрола, преку автоматизација на процесот со што значително се намалува човечкиот фактор. Годинава ќе се стартува со редовна примена на системот.
Останато
Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти


Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје