Connect with us

Останато

УЈП потсетува: Проверете ја Вашата Годишна даночна пријава

Објавено

на

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните дека на 31.05.2020 година истекува рокот за потврдување или коригирање на Годишните даночни пријави.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. На 01.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани. Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година.

Воедно, УЈП апелира до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време коешто досега даночните обврзници го губеа чекајќи во долги редици пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.

Останато

Ангеловска на „Woman in Tech”: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

Објавено

на

Оваа ковид-19 криза, донесе големи предизвици, но истовремено и можности за технологиите и жените претприемачи и истата треба да се искористи за да ги направиме работите подобри во иднина, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на виртуелната меѓународна конференција организирана од „Women in Tech” на панел со тема “Дипломатската визија да се охрабрат жените во науката, технологијата, инженерство и математиката“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Листа на работни места со најмал стрес

Објавено

на

Без разлика дали работите во канцеларија или во рудник, иако се комплетно различни, и двете работни места можат тешко да влијаат врз психата. Сепак, разни истражувања го утврдија списокот на најмалку стресни работни места. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Половина милион работници во Италија ќе ја загубат работата поради коронавирусот

Објавено

на

Во Италија, во текот на 2020 година, околу 500.000 луѓе ќе ги загубат своите работни места како резултат на кризата со вирусот Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно