Connect with us

Останато

УЈП: Новата апликација дозволува да се врши увид во сметките и бришење на сметки

Објавено

на

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека веб апликацијата МојДДВ е достапна и може да се преземе на следниот линк

Веб апликацијата МојДДВ на граѓаните ќе им овозможи целосен увид во сметките што ги скенирале, односно во прометот остварен преку скенираните фискални сметки како и увид во износот на поврат од 15% од пресметаниот ДДВ .

Преку веб апликацијата МојДДВ граѓаните ќе може да ги повлечат/поништат фискалните сметки кои ги скенирале по грешка.

Од УЈП ги повикуваат граѓаните кои досега на своите паметни телефони не ја презеле апликацијата МојДДВ преку Google play store и Apple store, да го направат тоа и да ги скенираат фискалните сметки со цел да остварат право на поврат од 15 % од ДДВ, како и да ги користат услугите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ.

Веб апликацијата е достапна на граѓаните на македонски, албански и англиски јазик. Кратко упатство за користење на веб апликацијата можете да најдете на линк.

За да се најавите потребно е претходно да сте регистрирани корисници на системот за електронска пресметка за приход и данок (е-Персонален данок) и да го внесете валидното Корисничко име (е-пошта) и Лозинка од е-ПДД.

На почетната страница на веб апликацијата со извештаи за граѓани се прикажани информации за Вкупен промет, Вкупно ДДВ, Поврат на ДДВ и број на Скенирани сметки за најавениот граѓанин. Стандардно, прикажаните информации се однесуваат за месецот во кој што граѓанинот последен пат има скенирано фискална сметка. Доколку во одреден месец граѓанинот воопшто нема скенирано фискални сметки, тогаш тој месец за таа година нема да постои во оваа опаѓачка листа. На почетната страница исто така е прикажан и графикон со информации за остварениот поврат на ДДВ и преостанат поврат на ДДВ за тековното тромесечие. Притоа сумите се прикажани процентуално и во денари. Максимално може да се оствари поврат од 1800 денари во текот на едно тромесечие. Доколку граѓанинот ја надминал оваа сума, тогаш на екран е испишана и надминатата сума на поврат на ДДВ.

Кај месечниот извештај е прикажана табела со информации групирани по месец и година. За секој месец од секоја година во кој што граѓанинот има скенирано фискални сметки се прикажани следните информации: Година, Месец, Број на скенирани сметки, ДДВ А, ДДВ Б, Вкупно ДДВ, Вкупен промет и Поврат на ДДВ(15%).

Кај тримесечниот извештај е прикажана табела со информации групирани по тримесечие и година.

Повлекување сметки – Доколку граѓанинот по грешка скенирал фискална сметка или поради некоја друга причина сака да повлече скенирана фискална за поврат на ДДВ тоа може да го направи во новата веб апликација. Дозволено е повлекување на фискални сметки од претходно тримесечие до 25ти од првиот месец од наредното тромесечие.

Останато

„Европски навики за плаќање“ – презентација на истражување спроведено од EOS

Објавено

на

На 19 февруари во Хотел Александар Палас, со почеток од 13 часот, под наслов „Европски навики за плаќање“ EOS Матрих Македонија ќе го презентира истражувањето кое компанијата го спроведува веќе 12 години по ред. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Прва стартап конференција „Pitch. Match. Grow.“

Објавено

на

Конференцијата „Pitch. Match. Grow.“ е организирана од PwC Северна Македонија, во соработка со Македонска Берза, каде ќе добиете корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за финансирање на вашиот проект/идеја/стартап. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Преку МСИП забрзано се градат и рехабилитираат локалните патишта

Објавено

на

Одлична реализација на Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, особено во изградбата на локалната патна инфраструктура, каде во текот на изминатите 6 месеци во 13 општини е започната или завршена градба на повеќе локални патишта од кои корист ќе имаат преку 60 илјади граѓани. Дополнително преку МСИП се доделува и проектна документација на сите општини за изградба на околу 271 километар пат. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на увид во изградбата на Корзото во општина Ѓорче Петров и пристапната улица, на кој присуствуваше и градоначалникот на општината Александар Наумоски. (more…)

Продолжи со читање

Популарно