Connect with us

Останато

УЈП: На 31 мај истекува законскиот рок за потврда или корекција на ГДП за 2020 година

Објавено

на

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31-ви мај 2021 година истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни пријави (ГДП) за доходот што го оствариле во текот на 2020 година.

Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.

„По истекот на законскиот рок, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на ГДП – потврдена или коригирана. На 1 јуни 2021 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не биле ниту потврдени ниту коригирани”, се вели во соопштението.

Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2020 година. Кај граѓаните кај кои се појавува обврска за доплата ќе се генерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава (во прозорче печати).

„Апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, тоа да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време”, се вели во соопштението од УЈП.

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно