Connect with us

Останато

УЈП: Корисниците на МОЈДДВ кои имаат трансакциска сметка на Еуростандард банка да извршат промена

Објавено

на

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица. 

Промената на трансакциската сметка во апликацијата МојДДВ се врши на следниот начин:

,,Најавете се во апликацијата МојДДВ и во долниот дел од екранот одберете  го прозорчето „профил“,  потоа во делот трансакциска сметка внесете ја Вашата нова трансакциска сметка. Оваа промена треба да ја потврдите со лозинка која ја користите за најава на Е-ПДД, потоа го бирате копчето ,,зачувај” и Вашата трансакциска сметка е сменета.” – се вели во известувањето од УЈП.

Од Управата за јавни приходи апелираат оваа промена да ја направат и сите оние корисници на МојДДВ кои имаат внесено погрешна трансакциска сметка.

Точно внесените податоци во апликацијата МојДДВ се основ за исплата на поврат на ДДВ за сите граѓани кои ја користат апликацијата и скенираат фискални сметки.

Останато

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023

Објавено

на

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023, соопшти Министерството за финансии. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи што треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ ја зголеми прогнозата за годинешниот глобален раст на 5,5 проценти

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата на глобалниот раст за 2021 година за 0,3 проценти, на 5,5%, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставувањето на јануарскиот извештај „Светски економски изгледи 2021 година“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот стана долгорочна инвестиција!?

Објавено

на

Биткоинот достигна рекордни 42.000 долари на 8 јануари, но во последните денови направена е значителна корекција, бидејќи најпознатата криптовалута почна да ја губи својата вредност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно