Connect with us

Останато

УЈП има увид во банкарските сметки на граѓаните

Објавено

на

Банкарските сметки на граѓаните, според важечкиот Закон за банките и сега не се банкарска тајна за низа институции во земјава. До нив пристап има Народната банка, Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и Финансиската полиција.  Во Законот стои и дека банките треба да им ги дадат податоците и на Министерството за труд, Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, ако имаат потпишано меморандум за соработка. Со писмено барање до банкарските сметки на граѓаните стигнуваат и Државниот девизен инспекторат, Фондот за осигурување на депозити, Јавното обвинителство и судовите.

УЈП на електронски начин ќе ги добива податоците на граѓаните од банкарските сметки, за пополнување на формуларот за годишните даночни пријави. Од следната година граѓаните нема да се занимаваат со ова, туку самото биро. Завршниот формулар ќе им се доставува на граѓаните на увид, а ќе има можност и за жалби. Податоците ќе се доставуваат во УЈП од банките, а динамиката на нивното поднесување ќе се регулира со законските измени. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска истакна дека оваа пракса била присутна и порано, но за посебни случаи, со посебни барања, уверувајќи дека нема можност за злоупотреба на податоците.

Од Македонската асоцијација на банкари велат дека доколку власта остане на ставот и ја имплементира реформата, тогаш ќе мора да се воспостави кодирана размена на податоците, односно имињата на граѓаните да не бидат видливи. УЈП да нема целосен увид во банкарските сметки, туку само да ги прима податоците за кои граѓаните треба да платат данок.

 

Останато

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот  на цената на квалитетните станови

Објавено

на

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но и за вработените во градежните компании се случува во континуитет. Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) само ја потврдуваат состојбата и покажуваат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвриот квартал од минатата година во однос на тој квартал од претходната година, се повисоки за 5,9 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 3,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 13 отсто. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Продолжи со читање

Осигурување

СЕ ЗГОЛЕМУВА КОНКУРЕНЦИЈАТА: Заваровалница Триглав е третиот пензиски фонд на македонскиот пазар

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) издаде дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange