Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

УЈП започнува со детална контрола на компаниите поврзани со случајот “Рекет”

Објавено

на

Управата за јавни приходи објави дека уште од утре ќе започне со проверка на компаниите кои се поврзани со случајот „Рекет“. Најпрво ќе се започне со контрола на работењето на компаниите „БМЈ медиа груп“, „Меѓународен сојуз“ и телевизијата „1 ТВ“.

Ние ќе постапиме во делот кој што се однесува на даноците, до петок ќе дадеме налози за отпочнување на контрола и во “Меѓународниот сојуз” ,  “1 ТВ”  и “БМЈ медиа груп” и кај сите останати даночни обврзници со коишто сме утврдиле преку анализата дека постоеле одреден вид на деловни односи. Исто така ќе направиме контрола и на сите оние засегнати физички лица во телата и органите на “Меѓународниот сојуз” за коишто ќе ги утврдиме исплатите кои што се направени“, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Компаниите ќе бидат контролирани по основ на сите даноци и придонеси а за физичките лица контролата ќе се врши за персонален данок на доход. Ќе се проверува на чии сметки се префрлувани пари и по кој основ. Доколку има индиции, за физичките лица може да следи посебна постапка за утврдување на потекло на имот“, додаде Лукаревска.

Останато

Колку пари ќе изнесува регресот за оваа година?

Објавено

на

Регресот за годишен одмор или попознат како К-15 е задолжителен ставка која компаниите мора да им ја исплатат на своите вработени и оваа година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

Објавено

на

Оваа среда (20.11.2019) во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel, а поддржана од EOS Матрикс и Тиквеш, се одржа конференцијата Европски ден на претприемачот – “Digital for Entrepreneurship“. Настан кој беше дел од European SME Week, иницијатива која во Македонија се организира 11-та година по ред. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Преку дигитализација на институциите ќе се сузбива сивата економија

Објавено

на

Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како што се Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија. Истовремено, користејќи ја технологијата ќе се преземаат и понатамошни мерки за подобрување на фискалната транспарентност, како предуслов за фискална ефикасност. Ова се дел од темите што беа дискутирани на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска со заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд Тао Жанг, што се одржа во Скопје, а на која присуствуваше и шефицата на Канцеларијата на Фондот во Виена, Штефани Ебле. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange