Connect with us

Останато

УЈП: Заокружена исплатата на ДДВ на физички лица за второто тримесечје од годинава

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека ја заокружи исплатата на повратот на дел од ДДВ искажан во фискалните сметки на физичките лица, за второто тримесечје.

„Во месеците април мај и јуни 2020 година 304.472 лица скенирале 41.650.814 фискални сметки со што е остварен промет од 21.414.380.426 денари. За ова тримесечје исплатен е поврат од 268.763.538 денари на 236.493 лица кои скенирале фискални сметки и кои имаат наведено точни податоци во Апликацијата МојДДВ”, соопштуваат од УЈП.

За корисниците на апликацијата кои имаа наведено трансакциска сметка од Еуростандард Банка исплатата на повратот беше стопирана, истата ќе се изврши откако ќе ги ажурираат податоците односно ќе наведат трансакциска сметка од друга банка.
Управата за јавни приходи апелира и до сите граѓаните корисници на аплкацијата МојДДВ да внесат точни податоци како би се извршила исплатата на повратот на дел од ДДВ искажан во фискалната сметка.

Најчести причини поради кои не е извршена исплатата се: погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице, а не на корисникот на апликацијата, или е внесен бројот на платежната картичка наместо број на трансакциска сметка.

Останато

Субвенционирање на плати за уште 438 невработени лица

Објавено

на

Дополнителни 438 невработени лица ќе бидат опфатени со меркaтa за субвенционирање на плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Владата на Република Северна Македонија, на последната седница, преку пренамена на средства во Оперативниот план во износ од 100.000.000 денари обезбеди поголем опфат на невработени лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

За членките на ММФ на располагање 650 милијарди долари врз основа на Специјални права на влечење

Објавено

на

Бордот на гувернери на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри досега најголемата распределба на Специјални права на влечење (СДВ) од своите резерви, во износ од 650 милијарди долари, а таа одлука стапува во сила на 23 август. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Евростат: БДП на еврозоната зголемен за два проценти во однос на првиот квартал

Објавено

на

Според првата проценка на статистичката служба на ЕУ објавена претходната недела, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми за два проценти во периодот од април до јуни во споредба со првиот квартал годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно