Connect with us

Останато

УЈП: До 15 март се очекува над 400.000 граѓани да поднесат годишна даночна пријава

Објавено

на

Управата за јавни приходи апелира граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот (15 март 2017) за поднесување на Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), а со цел избегнување на метежи на даночните шалтери. 

Имено, заклучно со 13.02.2017 година, 51.616 граѓани ја исполниле својата даночна обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350.000 даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи.

 

Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира…, односно е со привремен престој во Скопје, даночната пријава може да ја поднесе во Контакт центарот на УЈП, на новата локација во зградата на Регионална дирекција Скопје (ул. „11 Октомври” бр. 27, 1000 Скопје).

 

Годишната даночна пријава можете да ја поднесете и по пошта (во 1 примерок) на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП – http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt.

 

Доколку сте регистриран корисник на е-Даноци – http://etax.ujp.gov.mk, поднесете ја пријавата електронски.

 

За подетални информации и одговори на најчесто поставуваните прашања, преземете ја Брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ – http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Авганистанската економија ќе има пад до 30 проценти, што може да доведе до бегалска криза

Објавено

на

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Објавено

на

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства. (more…)

Продолжи со читање



Популарно