Останато
УЈП: До крајот на неделава ќе заврши ажурирањето на „МојДДВ“

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека до крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата МојДДВ.
„Тимот на УЈП е целосно ангажиран со цел во најкраток рок да се заврши овој процес на прилагодување на апликацијата. Изминативе два дена беа направени дополнителни прилагодувања, очекуваме, веќе до крајот на неделата да се заврши процесот, по што ќе ги информираме корисниците од кога повторно ќе можат да користат напреден начин на скенирање. Благодариме на разбирањето за процесот на прилагодување и додека времено се користи овој основен начин на скенирање, кој е базиран на можностите на телефонот и не е доволен за сите граѓани да можат брзо и ефикасно да ги скенираат бар кодовите од фискалните сметки”, велат во УЈП.
Со надградбата на софтверот потенцираат од Управата, ќе се овозможи напреден начин на скенирање што ќе значи еднакви можности за сите граѓани без разлика на мобилниот телефон што го поседуваат.
„Поради прилагодувањето на апликацијата на новиот технолошки развој, на понапредниот начин на скенирање, во моментов е возможно да се користи единствено баркод читачот кој го овозможува телефонот”, појаснуваат од УЈП.
Претходната од институцијата соопштија дека потребно е во мобилната апликација во делот ,,ПРОФИЛ,, во прозорчето „Тип на баркод скенер” каде што сега стои „Напреден” да ја изберат опцијата „Основен”. Фискалните сметки кои неможе да се скенираат преку опцијата „Основен”, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.
-По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во „Тип на баркод скенер” да ја изберат опцијата „Напреден” при скенирање на фискалните сметки, стои во соопштението од пред шест дена.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер