Банкарство
  • ONLINE Споредби
  • Банки
    • Домашни банки
    • Странски банки
    • НБРМ
  • Продукти
    • Кредити
    • Депозити
    • Електронско банкарство
    • Сметки
    • Пакети
    • Платежни картички
    • Наградни игри
  • Анализи
  • Финансии
  • Интервјуа
  • Вработување
    • Банки
    • Компании
    • Државна администрација
  • Останато
    • Криптовалути
  • Колумни
  • Берза
  • Осигурување
Connect with us
Банкарство Банкарство

Банкарство

УЈП доби нов електронски систем за евалуација на ризик

  • ONLINE Споредби
  • Банки
    • Домашни банки
    • Странски банки
    • НБРМ
  • Продукти
    • Кредити
    • Депозити
    • Електронско банкарство
    • Сметки
    • Пакети
    • Платежни картички
    • Наградни игри
  • Анализи
    • Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола

    • Подготвени ли се банките во Македонија за имплементирање на двојазичноста?

    • Банки vs. Финтек компании: Кој ќе победи?

    • Раст на кредитите и депозитите во 2018 година

    • Бизнис Ангели – алтернативен начин за финансирање на бизнисот!

  • Финансии
    • Што претставува каматно-каматниот ефект или попознат како сложена камата?

    • Променете ги навиките и почнете да штедите

    • БИЛ ГЕЈТС: Треба да си поставите 4 прашања за да го оцените квалитетот на вашиот живот

    • Како да се справите со негативно лице на работа

    • Учењето и здравјето

  • Интервјуа
    • ИНТЕРВЈУ Букет Геречџи: Халкбанк е лидер во воведувањето нови технологии на банкарскиот пазар во Македонија

    • ИНТЕРВЈУ со проф. д-р. Драгољуб Арсовски, Претседател на Управен Одбор на ТТК Банка АД Скопје

    • Груевски ќе работи во Унгарската народна банка?

    • Лукаревска [УЈП] за Фактор: Имаме дојави за инспектори кои биле на платен список на фирми

    • Очекувања на менаџментот на Стопанска банка а.д. Битола за случувањата во банкарскиот сектор во 2019 година

  • Вработување
    • Банки
    • Компании
    • Државна администрација
  • Останато
    • Криптовалути
  • Колумни
    • НОВА Е КОЛЕШКАТА!?

    • Учењето и здравјето

    • РОБИН ШАРМА: Секојдневните навики не носат кон големите достигнувања!

    • Што можеме да научиме од мајмунот кој вози скирол?

    • Моќта на убедувањето

  • Берза
    • Доларот зајакна, “мини колапс” на швајцарските франци

    • Гордана Дамеска ќе биде претседател на Одборот на директори на ЦДХВ

    • Најтргувани акции за јануари се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол

    • Македонска берза потпиша меморандум за соработка со Македонската банкарска асоцијација

    • Постои опасност биткоинот да крахира!?

  • Осигурување
    • НАЈАВИТЕ СЕ ОСТВАРИЈА: Триглав започна постапката за основање на пензиско осигурување во Македонија

    • Арт Гаши именуван за Генерален Директор на ЕУРОСИГ АД СКОПЈЕ

    • Триглав Осигурување воведува осигурување на малигни заболувања на пазарот

    • Неколку интерсни случки со полисите за животното осигурување

    • Стопанска банка станува најголема продажна мрежа за осигурување

  • НОВА Е КОЛЕШКАТА!?
  • Учењето и здравјето
  • Што можеме да научиме од мајмунот кој вози скирол?
  • Моќта на убедувањето
  • 6 инвестиции кои треба да ги направите во себе
  • 5 работи кои ќе ви ја унапредат кариерата

Останато

УЈП доби нов електронски систем за евалуација на ризик

Објавено

пред 3 месеци

на

9 Ноември, 2018
  • Share
  • Tweet

Во просториите на Управата за јавни приходи (УЈП) во Генералниот даночен инспекторат е пуштен во употреба новиот Електронски систем за евалуација на ризик. Системот овозможува електронско одредување на вршење на контрола кај ризични даночните обврзници.

Вработени од Генералниот даночен инспекторат заедно со фирмата We do IT solution од Австрија, а под покровителство на австриската Агенција за развој креираа софтвер што овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз основа на однапред утврдени и интегрирани критериуми за ризик. Критериумите за ризик се софтверски имплементирани правила врз основа на кои се генерира листа на ризичните обврзници за контрола. Овие правила се сет на математички и логички алгоритми кои вршат споредба и впарување на расположивите податоци од базата на податоци на УЈП, а се изготвени врз основа на најдобрите меѓународни практики и искуства кои се адаптирани на македонскиот даночен систем.

Со овој софтвер се обезбедува објективна селекција на даночните обврзници за контрола, при што значително се намалува човечкиот фактор, а со тоа и субјективноста во процесот на селекција на даночните обврзници за контрола. Во досегашната пракса УЈП користеше полуавтоматизирани процеси и софтвер за вршење на анализа на ризик, а со новиот софтвер се овозможува речиси целосна автоматизација на овие процеси. Со оваа автоматизација на процесите се очекува зголемување на ефикасноста на надворешните контроли од причина што селекцијата на даночни обврзници ќе се базира на софтверот за анализа на ризик, односно предмет на надворешната контрола ќе бидат само оние даночни обврзници кои ќе бидат утврдени како ризични.

На овој начин ресурсите на УЈП ќе се користат многу поефикасно односно истите ќе бидат сразмерно и соодветно насочени спрема утврдениот ризик. Дополнителен бенефит од користење на овој софтвер ќе имаат даночните обврзници бидејќи ќе се намалат неефикасните контроли односно даночните обврзници многу помалку ќе бидат оптоварени со непотребни контроли на УЈП. Ваков софтвер се користи од страна на речиси сите модерни даночни администрации и истиот претставува основна алатка на функцијата анализа на ризик. Во однос на регионот најголем дел од земјите од регионот или веќе користат или се во фаза на развивање на истиот.

Овој софтверски систем е донација на австриската Агенција за развој од Австрија и австриската фирма We do IT solution согласно кој за УЈП не произлегуваат обврски кон донаторот, а софтверот може да се користи исклучиво за потребите на УЈП. Според проценката на донаторот, вредноста на донацијата изнесува 360.000 евра. Ефективноста на овој софтвер многу ќе зависи и од негово навремено и континуирано ажурирање со измените во законските и подзаконските прописи и промените во економската состојба во стопанството.

Во тој контекс флексибилноста е една од најзначајните карактеристики на овој софтвер односно можноста за понатамошно унапредување и развивање на функциите и можностите на овој софтвер.

По пуштањето во употреба во употреба ќе следи негово тестирање во реални случаи односно ќе се користи за селекција на даночни обврзници за контрола, а одпрви  јануари 2019 година софтверот ќе влезе во редовна употреба, како основен, но не и единствен механизам за селекција на даночните обврзници за контрола.

“Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и ќе имаме и други значајни проекти заедно со австриската Влада, бидејќи не само Управата за јавни приходи, туку на целата администрација ѝ е неопходна дигитализација“, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Слични Теми:дигитализацијатехнологијаУЈП
Следно

Македонија има млади иноватори рамо до рамо со нивните врсници во Еврoпа

Не пропуштајте

Колку Македонија има успешни мажи?

Повеќе

Можеби ќе ви се допадне

  • Лукаревска [УЈП] за Фактор: Имаме дојави за инспектори кои биле на платен список на фирми

  • Оглас за вработување во Управа за јавни приходи (10 лица)

  • (ВИДЕО) Најбогатиот Кинез предупредува: Технологијата може да доведе до трета светска војна

  • УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

  • 4 начини како FinTech компаниите ќе направат промени во финансискиот сектор 2019 година

  • Бенефиции од вештачката интелигенција во банкарството

Останато

Македонија повторно се најде на “30 под 30” листата на Форбес за 2019 година

Објавено

пред 6 часа

на

15 Фебруари, 2019

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа.

Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.

Само да потсетиме ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од “Групер” и Жаре “Еден на Еден”.

Продолжи со читање

Останато

Колку сендвичи дневно “крадат” македонските политичари?

Објавено

пред 7 часа

на

15 Фебруари, 2019

Парламентарниот пратеник на Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) поднесе оставка само неколку часа откако на колегите наивно им раскажал како спровел „социјален експеримент“, минувајќи покрај касата во продавница во близина на словенечкиот парламент и дека „набавил“ сендвич.

Сѐ почнало во средата кога пратеникот на владејачката партија Дариј Крајчич, за време на расправа за механизмите за контрола на прехранбените производи, сакајќи да ја разведри атмосферата, кажал дека механизмите на контрола добро дејствуваат ако сите им се придржуваат, но дека на надзорот секогаш нешто му се протнува и тоа го илустрирал со бизарна анегдота.

Тој кажал дека себеси јавно се пријавува бидејќи во локална продавница „отуѓил сендвич“ минувајќи покрај касата.

„Чекав да платам, сигурно неколку минути, но на касата разговараа, а мене никој не ме забележуваше. Затоа излегов без да платам. И никој не потрча по мене иако имаат повеќе камери за видеонадзор“, кажал Крајчич, инаку доктор по шумарство на љубљанскиот универзитет кој претходно го водел државниот завод за заштита на природата.

Иако тој подоцна на новинари им изјавил дека не станувало збор за вистинска туку за виртуелна кражба, односно „социјален експеримент“ бидејќи потоа се вратил и го платил сендвичот и им се извинил на продавачките, Крајчич само неколку часа подоцна соопшти дека дава оставка како пратеник.Оставката е прифатена и во парламентот ќе го замени друг член на партијата која ја води премиерот Марјан Шарец.

„Оставката ја прифативме. Крајчич е добар експерт, човек, колега, пријател и соработник, но во оваа прилика направил недозволив чин“, соопшти ЛМШ.

„Ако во практика сакаме да ги спроведуваме принципите на нашата партија, тогаш за своите постапки мора да прифатиме одговорност, што го направи Крајчич со својата оставка. Тешко ни е поради тоа, но тоа беше негова самостојна одлука“, се додава во соопштението.

Прашањето е: КОЛКУ СЕНДВИЧИ НА ДЕН СЕ КРАДАТ ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И КОГА БАРЕМ ЕДЕН ОД НИВ ЌЕ БИДЕ ДОБЛЕСЕН ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНЦКИЈАТА КОЈА ЈА ИЗВРШУВА?

Продолжи со читање

Останато

Акциите на Јувентус излегоа на берза

Објавено

пред 7 часа

на

15 Фебруари, 2019

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус одлучи да се појави на меѓународниот пазар на обврзници. На тој начин успеа да обезбеди капитал многу повисок од првичните барања.

Клубот, кој во 2001 година ги понуди акциите на Миланската берза, се задолжи со 175 милиони евра со издавање на петгодишна обврзница. Инвеститорите можат да сметаат на годишен принос од 3,5%. Управата на Јувентус претходно најави дека со издавање на обврзница планира да добие 150 милиони евра.

Средствата ќе бидат искористени за отплата на постоечките долгови.

За потсетување, долгот на овој клуб кој во два наврати беше европски првак, успеа да достигне неверојатни 310 милиони евра. Презентацијата наменета за инвеститорите, содржи податок дека приходите на овој клуб пораснале за 161% во сезоната 2017/2018.

Кон растот на приходите огромен придонес има купувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид за кого “старата дама” плати неверојатни 100 милиони евра. Зад издавањето на обврзницата на Јувентус стојат американската банка “Морган Стенли” и италијанската “УБИ банка”.

Продолжи со читање
  • Последни
  • Популарни
Банкипред 5 часа

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Останатопред 6 часа

Македонија повторно се најде на “30 под 30” листата на Форбес за 2019 година

Банкипред 6 часа

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Останатопред 7 часа

Колку сендвичи дневно “крадат” македонските политичари?

Останатопред 7 часа

Акциите на Јувентус излегоа на берза

Кредитипред 3 недели

Остварете ги СИТЕ Ваши потреби, со ЕДЕН избор – MoneyMAX онлајн кредити

Анализипред 3 недели

НОВ БАНКАРСКИ РЕКОРД: Стопанска банка ја надмина магичната граница од 50 милиони евра профит?!

Колумнипред 2 недели

НОВА Е КОЛЕШКАТА!?

Анализипред 3 недели

Магазинот “Finance Central Europe” ги рангираше најдобрите банки во Македонија и одбра банкар на годината

Кредитипред 2 недели

Пензионерите во Халкбанк ќе можат да вршат отплата на кредитите до 75 години!

Популарно

  • Кредитипред 3 недели

    Остварете ги СИТЕ Ваши потреби, со ЕДЕН избор – MoneyMAX онлајн кредити

  • Анализипред 3 недели

    НОВ БАНКАРСКИ РЕКОРД: Стопанска банка ја надмина магичната граница од 50 милиони евра профит?!

  • Лични финансиипред 2 месеци

    Дали би ги довериле своите финансии на Google и Amazon наместо на банките?

  • Кредитипред 2 месеци

    Новогодишно изненадување – ТИГО НАГРАДУВА!

  • Лични финансиипред 2 месеци

    10 добро платени работни места со скратено работно време

  • Криптовалутипред 2 месеци

    Падот на вредноста на биткоинот довел до депресија и разводи

  • Криптовалутипред 2 месеци

    JPMorgan издаде “драматично” предупредување за Биткоин

  • Криптовалутипред 2 месеци

    „Facebook“ развива својa криптовалута

Анализи2 недели ago

НБРМ објави едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација

Банкарство

Банкарство.мк го сочинува млада новинарска екипа која известува за најновите случувања во светот на Банките, за предизвиците во Банкарскиот сектор и очекувањата на водечките Банкари. На нашиот портал можете да прочитате и совети за управувањето со личните финансии.

Nagrada 2018
  • За Нас
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange