Connect with us

Останато

УЈП го заокружи и третото тримесечје од МојДДВ, граѓаните ќе добијат 5,6 милиони евра!

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од МојДДВ.

За месеците јануари, февруари и март 2020 година на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343,803,953 денари или 5,590,000 ЕУР. Во овој период скенирани се вкупно 49,946,278 фискални сметки, остварен е промет од 21,957,355,689 денари, со вкупен ДДВ 2,292,026,352 денари.

Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186,215,194 денари односно 3,028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.

Исплатата за месеците јануари, февруари и март ќе започне во мај 2020 година!

Управата за јавни приходи се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите оние граѓани кои имале грешки во податоците а во меѓувреме истите ги ажурирале.

Останато

Германски “ЛИДЛ” го отвора првиот супермаркет во Охрид, Македонија?

Објавено

на

Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свој супермаркет и во Македонија, објави InStore. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сопственикот на „НИКОБ“, Кирил Лазаров, лидер за Југоисточна Европа за 2020 година

Објавено

на

Македонскиот бизнисмен Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“,  воедно и претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, е добитник на високото престижно признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“, доделено на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (одржан онлајн од 2 до 7 јуни). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во Црна Гора има 62 милионери

Објавено

на

Во Црна Гора има 62-ца милионери, односно граѓани кои имаат над еден милион евра на своите банкарски сметки, објави Централната банка на Црна Гора (ЦБГ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно