Connect with us

Останато

Уште само 5 дена за пријавување на ексклузивниот настан на АММ со Сем Вакнин

Објавено

на

Асоцијацијата на менаџери на Македонија заедно со проф. д-р. Сем Вакнин ја подготви најуникатната тренинг агенда во светот. Воедно, на 24.11.2018, во Македонскиот народен театар во Скопје (МНТ) заинтересираните ќе можат да научат нешто што никој во светот го нема слушнато.

Поради интересот местата брзо се потполнуваат и Асоцијацијата на менаџери ги повикува сите кои не биле до сега во можност да се пријават, да го направат тоа на: info@amm.com.mk. Можноста за пријавување на тренингот полн уникатни совети се затвора на 23.11.2018г.

Пријавените ќе присуствуваат на првиот тренинг во светот за бихејвиористички техники на продажбата. Користејќи ги овие методи, тие ќе можат да постигнат „Екплодирање на продажбата“, што е воедно и наслов на настанот.

Македонскиот народен театар ќе биде центарот на револуционерните техники на продажба. Таму проф. д-р. Сем Вакнин ќе оддели 6 часа за заинтересираните да можат да ги трансформираат своите кариери.

Неговата експертиза доаѓа од тоа што тој е професор по психологија на Федералниот Јужен Универзитет во Ростов на Дон во Русија и професор по финансии и психологија во SIAS-CIAPS (Центар за меѓународни напредни и професионални студии). Проф. д-р Сем Вакнин има над 20 милиони прегледи на YouTube и истиот е избран да биде член во Организациони одбори, дури во 12 најважни интернационални конференции за психологија и психијатрија. Покрај тоа има издадено неколку книги поради со кои го привлече вниманието на светот и поради кои се снимени 7 документарни филмови. Неговите интервјуа во CNN, New–York Times, Forbes, Financial Times, Prague Post, Sunday Times, Newsweek (Serbia), Flare, Vice, More Magazine, New-York Post, Washington Post, USA Today, UPI, NY Daily News, CNN-Oprah.com, Canadian TV, Metro Newspapers, Washington Times, Radio-Television Suisse (RTS), New Statesman, The Telegraph, MovieBETA, Oberösterreichische Nachrichten, и други, имаат оставено голем впечаток во експертската јавност, и сега Сем сржта на неговиот успех ќе ја донесе во Скопје. Повеќе за проф. д-р. Сем Вакнин има на: http://www.narcissistic-abuse.com/mediakit.html.

Со овој тренинг за секој му се отвораат вратите да се надмине себеси на професионален план, надградувајќи ги своите способности.

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange