Connect with us

Колумни

Учењето и здравјето

Објавено

на

Концептот на доживотно учење значи учење во сите периоди од животот (од млади до постари години), во неформален и формален облик. Со концептот на доживотно учење најчесто се поврзуваат економските цели, на пример, постигнување поголема конкурентност или зголемување на можноста за вработување.

Меѓутоа, учењето има значаен удел како во социјалниот, така и во психичкиот дел од здравјето.

Под психичко (ментално) здравје се подразбира усогласено функционирање во сите животни средини: во семејството, во локалната заедница, како и во образовното и професионалното опкружување. Ментално здравата личност се чувствува среќно и задоволно, се однесува примерно, полесно се приспособува на другите луѓе и може да се справи со барањата поставени пред неа.

Добро ментално здравје значи добар развој на интелектуален, емоционален, социјален и здравствен план.

Процесот на учење преку развој на личните потенцијали, подобрување на начинот на размислување и способноста за помнење, преку развој на концентрацијата и организациските способности, постигнување чувство на задоволство, исполнетост и самопочит, има добро влијание врз менталното, но и врз целокупното здравје на поединецот.

Придобивките од учењето лежат и во активната улога на поединецот во општеството

Општествената вклученост и остварувањето социјални контакти, особено оние што се темелат врз „позитивна основа”, какво што е учењето, се важни предуслови за подобро ментално здравје. Според голем број истражувања, тие се едни од клучните услови за подолг животен век.

Учењето претставува напредок, разбирање, зголемување на сопствените способности и вештини, како и правилно управување со своите постaпки и во приватниот и во професионалниот живот.

Економските придобивки што учењето може потенцијално да ги донесе се исто така еден од предусловите за добро ментално здравје. Можноста да се оствари квалитетен живот исто така може да влијае добро врз здравјето, но и врз личното и професионалното задоволство.

Важно е да се напомене дека доживотно учење често знае да се поврзе со доживотното образование. Меѓутоа, овие две работи не се исти. Образованието претставува само формално учење, а неформалното учење има поширок опсег што опфаќа и самостојно стекнување знаење, надвор од некоја образовна установа или друга организација. Можеме да учиме во текот на целиот живот, без оглед на годините, опкружувањето или организацијата.

Како учењето влијае врз мозокот?

Со учењето се развиваат нови невронски патишта, а со повторување се зајакнуваат старите. Истражувањата покажуваат дека мозокот е „невропластичен” во текот на целиот живот, односно дека учењето и мисловните процеси можат да создадат нови невронски патишта и во подоцнежниот период од животот. На тој начин мозокот останува „во функција” и го одржуваме неговото здравје.

Значи, препораките се:

•Учењето нека ви биде редовна активност до крајот на животот;
•Што и да учите – добро е. Тоа може да биде која било нова активност, вештина или хоби;
•Совладувањето нови јазици е добро за вашите неврони;
•Решавајте математички загатки;
•Користете посебни интернет-апликации наменети за развивање на здравјето на мозокот преку решавање на задачи;
•Читајте барем половина час дневно;
•Слушајте музика – таа ги опушта невроните;
•Научете некој нов облик на физичка активност.

Извор: triglav.mk

Колумни

НОВА Е КОЛЕШКАТА!?

Објавено

на

Се почесто банките се соочуваат со фактот дека поради одредени причини искусните вработени си заминуваат, односно успеваат да најдат подобра работа. Можеби станува збор за работа каде можат да ја искажат својата креативност, можеби е подобро платена, можеби има помалку притисоци, итн… (more…)

Продолжи со читање

Колумни

РОБИН ШАРМА: Секојдневните навики не носат кон големите достигнувања!

Објавено

на

Дали знаете дека големите достигнувања се помалку се должат на вашата генетика и среќа, а се повеќе на вашите ритуали и секојдневни активности? Професионалците не се повеќе надарени од вас – тие само имаат подобра организација на своите дневни навики.  (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Што можеме да научиме од мајмунот кој вози скирол?

Објавено

на

Сите сме ја слушнале добро познатата фраза “Патувањето од илјадници милји започнува со еден чекор”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange