Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Учество на гувернерката на НБРМ на настан по повод европскиот ден на статистиката

Објавено

на

По повод европскиот ден на статистиката, денес на Економскиот факултет – Скопје, се одржа настан под мотото „Подобри податоци – подобар живот“.

На овој настан од страна на премиерот на Република Македонија, г. Зоран Заев, беше потпишана „Декларацијата за посветеност на довербата во официјалната статистика“. На настанот се обратија премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, генералната директорка на Европскиот завод за статистика – Евростат, Мариана Коцева, претседателот на МАНУ, Таки Фити, ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Никола Јанкуловски, министерот за финансии, Драган Тевдовски, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, деканот на Економскиот факултет – Скопје, Љубомир Дракулевски.

На овој настан, свое излагање имаше и гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска – Бежоска, која се осврна на темата „Предизвиците за статистиката по глобалната криза низ призмата на централните банки“.

Во своето обраќање, таа посочи дека Народната банка, како и останатите носители на статистиката во РМ, во изминатите години направи голем исчекор во унапредувањето на статистиката, давајќи битен придонес во одлучувањето засновано врз факти и зголемувањето на општествената благосостојба. На крајот, таа заклучи дека во динамичниот свет во кој живееме и промените коишто ги носи тој, клучен предизвик за статистичарите и натаму е држењето чекор со овие промени и изготвувањето кредибилни статистики, како јавно добро.

Обраќањето на гувернерката можете да го најдете на следниов линк.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на тркалезна маса со Тао Жанг од ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса со Тао Жанг, заменикот на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, којашто се одржа во неделата, во Дубровник, Хрватска. Настанот беше организиран во рамки на втората заедничка конференција на Хрватската народна банка и ММФ, насловена „Демографијата, вработувањето и растот: Управување со иднината во Централна, Источна и Југоисточна Европа“, на којашто учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии од регионот, претставници на Светската банка, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања и на други меѓународни институции, како и угледни експерти од универзитетите во Оксфорд, Лондон и Тарту. Дводневното конференциско издание беше посветено на пазарот на трудот и демографските предизвици, иднината на работната сила и политиките коишто се потребни за одржлив економски раст и достигнување на нивоата на доход во развиените земји од Западна Европа. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Преддоговорни информации кај потрошувачкиот кредит: преглед на понудените кредитни услови

Објавено

на

Како и во секој договор, и во договорот за потрошувачки кредит се содржани одредби за правата и обврските на договорните страни ‒ банката и должникот. Со цел да се посвети поголемо внимание на договорните обврски од двете договорни страни, законодавецот или регулаторот зависно од видот на правниот пропис, најчесто пропишува задолжителна листа со вообичаени преддоговорни информации коишто банката е должна да му ги даде на должникот уште пред склучувањето на договорот. Овие преддоговорни информации треба да овозможат подобро согледување на идните обврски и осврт на сите битни прашања за кредитот. Преку изработка на посебен формулар со преддоговорни информации и негово доставување до клиентот се овозможува подобра информираност при носењето на одлуката за склучување договор за кредит, што претставува една од најчесто користените светски практики во доменот на финансиската едукација. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Конкурс за доделување годишна награда на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година

Објавено

на

Заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри, Народната банка на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Народната банка) доделува Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange