Connect with us

НБРМ

Учество на гувернерката на НБРМ на Конференцијата на тема „Поттикнување економски раст преку развој на човечкиот капитал во земјите од Западен Балкан“

Објавено

на

Во дискусијата којашто денес се водеше во рамки на конференцијата на високо ниво на тема „Поттикнување економски раст преку развој на човечкиот капитал во земјите од Западен Балкан“, организирана од Министерството за финансии и Светската банка, активно се вклучи и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката го истакна значењето на човечкиот капитал за обезбедување одржлив и инклузивен економски раст. Притоа посочи на проблемите со коишто се соочува регионот, а особено во однос на намалувањето на работоспособното население – проблем којшто може уште повеќе да дојде до израз во следниот период, со оглед на засилената емиграција и демографското стареење.

Сепак, гувернерката Ангеловска-Бежоска стави акцент на потребата за согледување не само на квантитетот, туку и на квалитетот на трудот, односно на човековите вештини, знаење и вредности. Преку споредба на показателите за мерење на човечкиот капитал, таа посочи на слабостите коишто постојат во регионот, имајќи го предвид фактот дека особено земјите од Југоисточна Европа, вклучително и Република Македонија, се наоѓаат на релативно ниско ниво во однос на квалитетот на работната сила, што несомнено упатува на потребата од преземање мерки за надминување на овие слабости.

НБРМ

НБРМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%

Објавено

на

На 12 февруари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкноти со “Република Северна Македонија” на почетокот од 2020 година

Објавено

на

Менувањето на банкнотите на кои ќе треба да стои новото име Република Северна Македонија ќе почне од идната година, соопштија од Владата која издаде серија на обврски со сите државни институции за почеток на примена на новото име. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ усвои две стратегии за јакнење на финансиската стабилност во земјава

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange