Connect with us

НБРМ

Учество на гувернерката на Народната банка на научна конференција на МАНУ во Охрид

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија учествуваше на научна конференција со наслов: „Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија“, којашто се одржа на 4 и 5 октомври во Охрид, во организација на Македонската академија на науките и уметноститеа поддржана од Владата на Република Македонија,  Народната банка на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија.

На Конференцијата беа презентирани повеќе трудови од страна на претставници од научната сфера и од носителите на политиките, како платформа за идентификување на предизвиците за растот во следниот период и дефинирање на приоритети во однос на клучните реформи и политики за постигнување повисок и одржлив раст.

Свое излагање на научната конференција имаше и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, која се осврна на темата: „Координација на монетарната и фискалната политика во Македонија“.

НБРМ

НБРМ: Домаќин на семинар организиран од страна на Европскиот банкарски орган и Европската банка за обнова и развој на тема: „Справување со нефункционалните кредити во ЕУ: регулаторни и супервизорски активности“

Објавено

на

На 18. и 19. октомври 2018 година Народната банка на Република Македонија е домаќин на семинар организиран од страна на Европскиот банкарски орган и  Европската банка за обнова и развој на тема: „Справување со нефункционалните кредити во ЕУ: регулаторни и супервизорски активности“. Имајќи го предвид негативното влијание коешто го имаат нефункционалните кредити врз работењето на банките во меѓународни рамки, на семинарот ќе бидат презентирани најзначајните активности преземени во рамките на ЕУ за решавање на нефункционалните кредити, како од аспект на промените (предлозите за промени) во постојната банкарска регулатива, така и во поглед на супервизрските активности за справување со сеуште високиот износ на нефункционални кредити кај кредитните институции во ЕУ. Покрај ова, на семинарот ќе бидат презентирани и искуствата на неколку земји од регионот во решавањето на нефункционалните кредити. Преку размената на искуствата и согледувањата стекнати во процесот на решавање на нефункционалните кредити, ќе се овозможи натамошно зајакнување на овој процес во одделните земји, но и усогласен пристап во идните активности коишто треба да се преземат заради натамошно справување со проблемите предизвикани од поголемото присуство на нефункционални кредити.

На семинарот ќе присуствуваат претставници на регулаторните и супервизорските органи од Албанија, Словенија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Република Српска и Македонија.

На почетокот на семинарот, воведно обраќање имаше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска, која посочи на тоа дека и по десет години од почетокот на глобалната криза, проблемот на нефункционалните кредити се уште има големо значење во глобални рамки. Таа потенцираше дека правилното справување со овој проблем и развивањето на механизми за превенција се исклучително важни за непречено функционирање и раст на активноста на банките. Меѓудругото, таа се осврна и на македонското искуство, потенцирајќи го релативно пониското ниво на нефункционални пласмани во однос на регионот. Причините за тоа се отсуството на прекумерен кредитен раст во пред-кризниот период, малото потпирање на банките на надворешно финансирање и многу важно, прудентната регулаторна рамка.  И покрај фактот што овој проблем во Македонија не е изразен како во други земји, гувернерката ја нагласи свесноста за потребата од располагање на механизми за превенција. Токму од оваа причина во тек е и заокружувањето на “Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити”, како меѓуинституционална и систематизирана рамка за решавање и спречување на проблемот на нефунционални пласмани. 

Продолжи со читање

НБРМ

Учество на гувернерката на НБРМ на настан по повод европскиот ден на статистиката

Објавено

на

По повод европскиот ден на статистиката, денес на Економскиот факултет – Скопје, се одржа настан под мотото „Подобри податоци – подобар живот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ оствари средби со високи претставници на ММФ и Светската банка

Објавено

на

Гувернернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), оствари средби со високи претставници на двете меѓународни институции, вклучувајќи средби со извршниот директор на ММФ, г. Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, г. Пол Томсен, извршниот директор на СБ, г. Франк Хемскирк, потпретстедателот на Светската банка, г. Сирил Мулер, потпретседателите на ИФЦ, г-а Џорџина Бејкер и г. Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange