Connect with us

НБРМ

Утре започнува 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија по четиринаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, со што продолжува традицијата за отворена и плодна дискусија за предизвиците и можностите коишто ги носи глобалниот бран на дигитализацијата за финансиските услуги. Годинава, 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура на тема: „Просперитетна иднина на дигиталните плаќања“, ќе се одржи во виртуелен формат, на 4 и 5 октомври 2022 година.

Новите технологии за плаќањата предводени од финтек-компаниите, коишто нудат широк опсег на платежни производи и услуги, ќе бидат главните теми на  меѓународната конференција, на која носителите на политиките и експертите ќе ги споделат мислењата за потребата од  отвореност на системите на банките и засилената автентикација на клиентите, како и за важноста на безбедноста на дигиталниот простор. На овој меѓународен настан којшто започнува утре ќе ѝ се посвети внимание и на потребата и очекуваните придобивки од воведувањето на дигиталните валути на централните банки.

Воведно обраќање на Конференцијата ќе имаат гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ и директорката на Секторот за плаќање и пазарна инфраструктура во Банката на Холандија, Инге ван Дијк, a ќе учествуваат претставници на Европската централна банка и централните банки на земјите од Европската Унија, централните банки на земјите од регионот, Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања, амбасадите во Република Северна Македонија, домашните регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните и странските небанкарски институции коишто се засегнати страни во доменот на платежните услуги.

Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура низ годините прерасна во платформа за размена на знаења и искуства за актуелни теми од областа на плаќањата и промовирањето нови идеи. Народната банка на Република Северна Македонија презема бројни активности за поддршка на модернизација на постојната платежна инфраструктура преку примена на нови алатки на технолошкиот развој, при што посветува особено внимание на следењето на новитетите и на поттикнувањето на развојот на платежните услуги кај нас.

НБРМ

ММФ објави Извештај за аранжманот ПЛЛ – високи оцени за монетарната политика, финансискиот сектор и банкарската супервизија

Објавено

на

Во најновиот извештај на ММФ во врска со одобрувањето средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност објавен на 28.11.2022 година се наведува дека Народната  банка постојано води соодветни политики и соодветно реагира на различни шокови, одржувајќи ја успешно стабилноста и бранејќи го девизниот курс на денарот. Во однос на финансиската стабилност, банкарскиот систем е добро капитализиран и отпорен на шокови. За ова, како што се наведува во Извештајот, придонесува и ефективната супервизија, којашто работи по високи меѓународни стандарди, има силна правна и регулативна рамка и соодветни оперативни практики. При спроведувањето на своите функции, Народната банка применува силни стандарди за одговорно работење и висок степен на транспарентност во работењето. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, со којашто се предвидуваат програмските активности преку кои ќе се придонесе за остварување на стратегиските цели на Народната банка

Објавено

на

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, а во функција на понатамошно успешно исполнување на поставените стратегиски цели. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во Народната банка беа доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Објавено

на

Народната банка и Министерството за финансии денеска во Музејот на Народната банка ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. На традиционалниот настан којшто годинава се одржува по десетти пат, пред присутните се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно