Останато
Успешно се одржаа спортските игри по повод “Ден на штедење” во организација на СФОМ


Синдикалната организација на работниците од финансиските организации на Македонија – СФОМ, по повод светскиот ден на штедење кој традиционално секоја година се одбележува на 31 октомври и годинава организира спортски активности помеѓу банките и останатите финансиски институции членки на СФОМ.
Оваа година традиционалните спортски игри по повод “Ден на штедење” се одржаа на 30.10.2021 година (сабота) во СЦ Мондано со почеток од 10 часот.
Натпреварувањата беа реализирани согласно сите ковид протоколи и поминаа во позитивна и пријателска атмосфера каде преовладуваше натпреварувачкиот дух на учесниците и каде фер плејот беше во преден план. Членовите на синдикатот на финансиските организации на Македонија учествуваа и се натпреваруваа во следните спортови: мал фудбал, одбојка, пикадо, баскет, шах, куглање, пинг понг и тенис.
Постигнати беа следните реазултати:
Дисциплина | Пласман |
Мал фудбал | 1-во место: Комерцијална банка 2-ро место: НЛБ банка 3-то место: Шпаркасе банка |
Одбојка | 1-во место: Комерцијална банка 2-ро место: НЛБ банка 3-то место: Халк банка |
Пикадо | 1-во место: НЛБ банка 2-ро место: Шпаркасе банка 3-то место: Халк банка |
Баскет | 1-во место: НЛБ банка 2-ро место: Комерцијална банка 3-то место: Халк банка |
Шах | 1-во место: Стопанска банка АД Скопје 2-ро место: Шпаркасе банка 3-то место: НЛБ банка |
Куглање мажи | 1-во место: НЛБ банка 2-ро место: Комерцијална банка 3-то место: Стопанска банка АД Скопје |
Куглање жени | 1-во место: НЛБ банка 2-ро место: Комерцијална банка |
Тенис мажи | 1-во место: Стопанска банка АД Скопје 2-ро место: НЛБ банка |
Тенис жени | 1-во место: Стопанска банка АД Скопје 2-ро место: НЛБ банка |
Пинг-понг жени | 1-во место: Комерцијална банка 2-ро место: Шпаркасе банка 3-то место: Халк банка |
Во продолжение можете да ја погледнете галеријата од натпреварите:
Синдикалната организација ја користи оваа прилика да им го честита постигнатиот успех на сите учесници на турнирот.
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
Останато
Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје