Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Успешно заврши 26-тиот КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ

Објавено

на

Со усогласување на заклучоците затворен е 26-ти Копаоник Бизнис Форум на кој се собраа 1.315 учесници, 2 специјални гости, 162 панелисти и 125 новинари кои го следеа и известуваа за Форумот. На Форумот, покрај премиерката и дел од министрите во Владата на Р. Србија, зедоа учество најзначајни бизнисмени од Србија и регионот од секторите: банкарство, осигурување, трговија, туризам, енергетика, земјоделство, фармацевтската индустрија и IT секторот; исто така претставници на меѓународни финансиски институции како EBRD, EIB, IFC, WB, IM, амбасадори како и претставници на бизнис заедниците од Македонија, БИХ, Хрватска и Црна Гора.

Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и претседател на Програмскиот одбор на Копаоник Бизнис Форум, истакна дека овој настан е особено значаен затоа што поттикнува дијалог.

“Во изминатите 4 дена интензивно работевме, а заклучоците од Копаоник Бизнис Форум ќе бидат сумирани во рамки на документ и сигурен сум дека Владата внимателно ќе ги следи нашите препораки како да се постигне интензивен раст и да се забрзаат структурните реформи”, изјави Александар Влаховиќ.

Влахович исто така, најави 3 други настани: Економскиот форум во Јахорина (23-24 април 2019г.) Самитот на гувернери и министри за финансии на земјите од Западен Балкан ( 14-16 јуни 2019г.) и Четвртата меѓународна конференција за образование (11-13 ноември 2019г.) и ги покани сите учесници да бидат дел и од следниот Копаоник Бизнис Форум (1- 4 март 2020г.).

Останато

Јовановиќ: Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес и местеа милионски тендери

Објавено

на

Поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, се огласи по повод промената која ја најави премиерот Зоран Заев за смената на Министерот за финансии, Драган Тевдовски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Истражување – Колкави се просечните месечни нето примања во ИТ секторот?

Објавено

на

Во периодот од 6 февруари до 6 март 2019 година, македонскиот портал за информатичка и комуникациска технологија IT.mk спроведе опсежна анкета за состојбата на македонската ИТ работна сила. Анкетата, во која земаа учество повеќе од илјада професионалци од ИТ индустријата, прикажува клучни факти за програмерите, девелоперите, графичките дизајнери и професионалците од областа на дигиталниот маркетинг во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Вчера во Битола се отвори нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР” Инвестиција вредна 5,5 милиони евра

Објавено

на

Вчера во Битола СН Осигурителен Брокер АД Битола отвора нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР”, единствен од ваков тип на територијата на Битола и околината. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange