Connect with us

НБРМ

Успешно заврши четвртиот меѓународен форум за ИТ во организација на НБРМ

Објавено

на

Денес, во Охрид заврши 4тиот меѓународен форум за ИТ во организација на Народната банка на Република Македонија, на кој зедоа учество триесет и четири ИТ-специјалисти од петнаесет централни банки.

Учесниците на Форумот, изминативе три дена, преку презентации и отворена дебата ги споделуваа своите знаења и искуства за различни аспекти на развојот и одржувањето на апликациите и ИТ-сервисите. Притоа, меѓу другото, беше посветено внимание не само на најдобрите практики во процесот на развој и стандардизација на софтверските решенија коишто се користат во централните банки, туку и на клучните фактори за обезбедување висок квалитет на управувањето со нивниот животен циклус и на нивното одржување. Во дел од дискусиите, акцентот беше ставен и на: системите за обработка на плаќања, процесот на планирање на развојот на апликациите и начинот на одредување приоритети на проектите, управувањето со правата на пристап во апликациите, складирањето податоци во централнобанкарските институции и на управувањето со нив, воведувањето софтвер за управување со големи бази на податоци, како и на ИТ-платформа за деловна анализа на податоци.

Со цел да се споредат националните практики, претставници на сите централни банки коишто зедоа учество на Форумот имаа свои презентации со кои ги претставија своите искуства и своите натамошни планови за подобрување на процесот за развој на апликации, при што посебно беше истакната агилната метода за развој на апликации со употреба на техниката СЦРУМ (SCRUM). По секоја од презентациите, меѓу присутните ИТ-специјалисти се водеше плодна и темелна дискусија. Во рамки на дискусиите, учесниците не само што правеа компарација меѓу презентираните и сопствените искуства, туку и иницираа предлози за можни решенија коишто ќе придонесат за натамошно унапредување на развојот и одржувањето на апликациите и ИТ-сервисите во централните банки, воопшто.

Свои презентации имаа и претставници на НБРМ, преку кои, пред учесниците од странство беше претставен процесот на планирање и на управување со проектите за развој на апликации во нашата централна банка. Во дискусијата којашто се водеше по овие презентации, меѓу другото беше одбележано дека НБРМ има процес за планирање и развој на апликации којшто е високо развиен и дека нејзините споделени искуства може да се ползуваат од други централнобанкарски институции.

Во рамки на дискусиите на Форумот, учесниците, аналитички и компаративно, ги согледуваа и искуствата во случаите на развој и одржување на апликациите и ИТ-сервисите од страна на ангажирани надворешни субјекти и во случаите кога севкупниот процес е управуван и остварен од ИТ-специјалистите коишто работат во централните банки. Притоа, беше забележано дека одлуката за тоа дали да се развиваат од надворешни субјекти или внатрешно да се развиваат, пред сѐ, зависи од пазарот во земјата каде што работи централната банка, а за земји каде што нема широк пазар, како Македонија, има низа фактори коишто укажуваат на неопходноста да се настојува што поголем дел од апликациите и ИТ-сервисите коишто ги користат централнобанкарските институции да бидат продуцирани, развивани и одржувани од нивните стручни ИТ-тимови. Од повеќе говорници беше укажано дека проектите за развој на апликации во голема мера зависат од луѓето и нивната мотивирност, што дополнително ги обврзува централните банки да вложуваат многу не само во својата ИТ-инфраструктура, туку и во јакнење на капацитетот на стручниот кадар од оваа област. Во контекст на тоа, во дискусиите беше поддржано настојувањето на НБРМ, преку овој традиционален централнобанкарски форум за ИТ, којшто е единствен во овој дел на Европа, да даде придонес и за подигнување на нивото на знаење кај ИТ-специјалистите кај присутните централни банки.

Во завршницата на Форумот, сите учесници го споделија мислењето дека тој ја оствари својата цел, односно дека споделените искуства и мислења, како и заеднички донесените заклучоци во врска со низа прашања ќе придонесат за подобрување на развојот и одржувањето на апликациите и ИТ-сервисите кај централните банки чии претставници учествуваа во тридневните дискусии, а воедно и ќе се воспостави комуникација во иднина за нови отворени прашања од оваа област.

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Годишната конференција и на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, денес и утре, во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми коишто го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Форумот на централно банкарство на ЕЦБ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Форумот на централно банкарство на Европската централна банка (ЕЦБ), којшто традиционално се одржува во Синтра, Португалија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЦЕФ со поддршка од НБРМ: Oддржана меѓународната веб-конференција „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”

Објавено

на

Денес, 14 јуни 2018 година, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), со поддршка од Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Централната банка на Холандија, Банката на Словенија и словенечкото Министерство за надворешни работи, успешно се оддржа веб-конференцијата „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”, на која учесници беа вработени и раководители во одделите за платни системи и платежни услуги на повеќе централни банки и други финансиски институции на земји од Југоисточна Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange