Connect with us

Останато

Успешното инвестирање на пензиските заштеди носат значајни приливи од камати и дивиденди за членовите на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Инвестирајќи ги средствата на домашниот и странските пазари Сава пензиско друштво остварува принос кој што се распределува на сметките на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус. На овој начин растат пензиските заштеди на идните пензионери.

Од друштво редовно ги информираат членовите за пристигнатите приливи во пензиските фондови по основ на камати и дивиденди. 

Според последните податоци во период од 11.06.2020 до 20.06.2020 во Сава пензиски фонд пристигнати се приливи од камати во износ од 2.639.788,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

За истиот овој период пристигнале приливи од дивиденда во вкупен износ од 251.790,10 долари и 6.223,00 евра од компаниите Anheuser-Busch InBev SA/NV, Chevron Corp, United Parcel Service Inc, Microsoft Corp, како и повеќе други инвестициски фондови. 

На сметката на Сава пензија плус во периодот од 11.06.2020 до 20.06.2020 година пристигнати се приливи од камати во износ од 130.153,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки.

Во Сава пензија плус за истиот овој период пристигнати се и приливи од дивиденди во вкупен износ од 7.699,94 долари и 158,55 исплатени од страна на компаниите Anheuser-Busch InBev SA/NV, Chevron Corp, United Parcel Service Inc, Microsoft Corp и други инвестициски фондови.  

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди и истите им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови. Во редовните квартални финансиски извештаи објавени на веб страната на Друштвото www.sava-penzisko.mk се содржани подетални информации за тоа во кој финансиски инструменти и компании се инвестираат средствата. 

Дополнително членовите преку мобилна апликација Сава пензиско план во секое време имаат детален увид во својата пензиска заштеда и имаат можност преку редовни нотификации да бидат известени секогаш кога ќе им бидат уплатени придонеси.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

Останато

Битиќи: Потребно е да има ребаланс на Буџетот, поради новиот пакет антикризни мерки

Објавено

на

Етничкиот клуч за вработување во приватниот сектор, не одговара на модерна, развојна и конкурентна економија, туку за тоа е најважна компетентноста и професионалноста, вели вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи во емисијата „Трилинг“ на ТВ24. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Средба Бесими – Брнз: САД значаен стратешки партнер

Објавено

на

„Соединетите Американски Државни се еден од најзначајните стратешки партнери на Република Северна Македонија. Одличните политички релации меѓу двете земји треба да поттикнат и попродлабочена економска соработка во блиска иднина. Очекуваме зголемен број на директни инвестиции од САД во следниот период, кои ќе креираат работни места за високо едуциран кадар и извоз на добра со повисока додадена вредност“ – ова се пораките кои министерот за финансии, Фатмир Бесими ги упати на денешната официјална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, која беше придружувана од раководителот на канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Четвртиот пакет мерки има три столба – социјален, опоравување на бизнисот и фискална и финансиска стабилност

Објавено

на

Четвртиот пакет на мерки ќе се заснива на три столба – социјален и здравствен кој ќе се однесува на граѓаните и нивниот стандард, вториот столб ќе биде за бизнисите односно економската активност и работните места, сите активности што подразбираат ликвидност, финансиската стабилност и економското опоравување и третиот столб е фискалната и финансиската стабилност воопшто во економија вклучувајќи ја и финансиската стабилност на општините. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на емисијата Економски магазин на Алсат-М телевизија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно