Домашни банки
Успешни банкарски спортски игри за вработените во Стопанска банка АД – Скопје – освоени 8 медали


Изминатиот викенд во Охрид се одржуваа традиционалните спортски натпревари помеѓу вработени од банкарскиот сектор.
Како и досега, Стопанска банка АД – Скопје испрати голем тим да се натпреварува во сите дисциплини.
Како и во секојдневното работење, тимот од вработени е заслужен за сите успеси на Стопанска банка АД – Скопје! Но, и надвор од работните места, тимот успева да покаже уште повеќе усогласеност, соработка и аспирација за победи.
По двегодишна пауза поради Covid пандемијата, Банкарските игри се одржаа од 12 до 15 мај во Охрид во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија – СФОМ.
Во конкуренција на 12 финансиски институции, претставниците на Стопанска банка АД – Скопје беа најдобри во куглање и во одбојка мажи, стрелаштво жени, тенис мажи и жени и шах, а второ место освоија во кошарка мажи и пинг понг мажи. Бронза освоија во машка конкуренција во стрелаштво.
Освоени први места🎖:
– одбојка мажи
– стрелаштво жени
– тенис мажи
– тенис жени
– шах
Освоено втори места🥈:
– кошарка мажи
– пинг понг мажи
Освоено трето место🥉:
– стрелаштво мажи
Тимот на Стопанска банка АД – Скопје го освои второто место во екипна конкуренција.
Домашни банки
Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)
Домашни банки
Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид


Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)
Домашни банки
Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии


Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје