Форекс
Успешен Инвеститорски ден на Македонска берза

Трета година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра.
На „Инвеститорскиот ден“ се тргуваше со 22 различни акции што е најмногу во еден ден оваа година. Се склучија вкупно 242 трансакции што претставува втор најголем број склучени трансакции во еден ден на тргување во 2022 година (на 5 мај имало само 5 трансакции повеќе, односно 247).Просечниот дневен број на трансакции во 2022 година е 76.
Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции надмина 516 илјади евра, односно изнесува околу 32 милиони денари што е 49% повеќе во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ во 2022 година. Дополнително, во БЕСТ системот на Берзата се внесени вкупно 389 налози за тргување, што повторно претставува втор најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во текот на оваа година.
Постигнатиот број на трансакции и внесени налози за тргување во БЕСТ системот се најдобри резултати во досегашниот тек на второто полугодие на 2022 година.
Иницијативата „Инвеститорскиот ден“ за прв пат оваа година ја прифатија и во неа активно се вклучија сите десет членки на Берзата (Еурохаус, Илирика Инвестментс, Иново Брокер, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Скопје) и Централниот депозитар за хартии од вредност, а доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.
Форекс
Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)
Форекс
Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер