Connect with us

Осигурување

Успеси кои немаше да бидат постигнати без поддршката на Халк Осигурување

Објавено

на

Ристо Вуков Рико, македонски автомобилист, ја заврши дебитантската сезона во престижниот Порше Карера Куп во Италија. Борбеноста, упорноста и истрајноста му обезбедија одлично место во сезоната во Порше Карера ГТ3-купот и, секако, во својот клуб ГДЛ Рејсинг.

„По повод успешно завршената сезона со одлично постигнати резултати сакам да се заблагодарам за неизмерната поддршка до страна на г-дин Суат Инан и „Халк Осигурување АД Скопје“ кои беа покрај мене во текот на целиот период. Како знак на благодарност им подарувам симболични подароци од мојот престој во Италија“, вели Ристо Вуков – Рико.

„Изминатата година започнавме една нова приказна и пријателство на кое сме горди. Брзината и квалитетот на успесите кои Ристо Вуков – Рико ги постигна во својата дебитантска сезона се поистоветуваат и со успесите кои ги достигнува „Халк Осигурување АД Скопје“. Нашето партнерство продолжува и во новата година во која ќе работиме за достигнување на нови и поголеми успеси. Нашата компанија се стреми кон поддржување на млади и талентирани лица кои се пример за посветеност и работа. И се радуваме на новата година, бидејќи искрено веруваме дека како и „Халк Осигурување АД Скопје“, така и Ристо Вуков – Рико ќе ги достигнеме посакуваните цели“, изјави Суат Инан, главен извршен директор во „Халк Осигурување АД Скопје“.

Последната трка на легендарната патека во Монца, Рико ја заврши на одличното 6. место. Со ова Рико докажа дека успесите во европските трки се достигнуваат само со истрајност, упорност, но и со одлично познавање на „својата“ патека. „Халк Осигурување АД Скопје“, исто како и Рико, се искачува високо на позицијата помеѓу најдобрите осигурителни компании кои го нудат само најквалитетното за своите корисници.

„Несекојдневната професија, автомобилизмот и картингот носат ризици сами по себе. Фокусот и вниманието, не само на патеката, се главни и во мојот секојдневен живот. Откога започнав посериозно да се занимавам со овој спорт, решив дека едноставно немам простор за невнимателност. Како на патеката така и во животот. Јас и мојот тим максимално работиме да го минимализираме ризикот на патеката, преку најголемите подготовки пред секоја трка кои се однесуваат на автомобилот Порше, временските услови, па сè до секојдневните вежби на симулаторот. Ваквиот фокус и внимание ги пренесувам и во моето секојдневно возење, без разлика дали е низ нашиот град Скопје или, пак, возење до одредена дестинација. Уште поголема сигурност добивам и од фактот дека ги имам за партнер „Халк Осигурување АД Скопје“. Со полисата за автомобилот, за мојот дом и дополнителното приватно здравствено осигурување се чувствувам сигурен и безбеден“ – додаде Рико.

„Халк Осигурување АД Скопје“ како посветена компанија и во иднина ќе продолжи со својата мисија во креирање на посебни индивидуални и корпоративни решенија за осигурување, во согласност со потребите на клиентите и со цел олеснување и чувство на сигурност и безбедност на своите осигуреници. Подобрувањето на квалитетот на услугите кон клиентите, обезбедување на сигурноста и квалитетот на живот на своите клиенти, како и продолжувањето во поддршката на млади лица, кои се добар пример и претставуваат поттик за идните генерации, се веќе дел од новогодишните цели на „Халк Осигурување АД Скопје“.

Осигурување

Eurohold доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство за превземање на филијалите на Групацијата CEZ во Бугарија

Објавено

на

„Eurohold” од Бугарија, сопственикот на една од водечките компании за осигурување во С.Македонија, Евроинс Осигурување, доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство од Бугарија  за превземање на филијалите на  Чешката Компанија за Енергетика на Групацијата CEво Бугарија. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Мој миленик – нов пакет на пазарот од Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Адвокатот Мирослав Вујиќ избран за член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво

Објавено

на

Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за промени во Надзорниот одбор на Друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Популарно