Домашни банки
Услугата безготовински платен промет на Еуростандард банка достапна во нови 36 локации на Македонска пошта


Еуростандард банка АД Скопје ги информира своите клиенти дека услугата безготовински платен промет во земјата на Еуростандард банка АД Скопје, отсега е достапна во нови 36 локации на Македонска пошта.
На овој начин Еуростандард банка се труди своите услуги да ги доближи уште повеќе до клиентите, со цел да им го олесни секојдневното работење и да им заштеди време и пари.
Услугата безготовински платен промет ги вклучува:
– прием на документација за отворање на денарска трансакциска сметка на правно лице,
– сите видови на безготовински трансакции,
– печатење на извод,
– податоци за блокада на сметка
Eдиниците на поштенска мрежа на Македонска пошта каде е достапна услугата безготовински платен промет можете да ги погледнете на ТУКА.
За користење на услугата безготовински платен промет во земјата на Еуростандард банка потребно е само да имате денарска трансакциска сметка на правно лице во Банката. За отворање на ваква сметка потребно е во некоја од наведените локации на Македонска пошта или во филијалите на Еуростандард банка да приложите:
– тековна состојба од Централен регистар на постара од 3 месеци
– фотокопија од ЗП Образец од Централен регистар заверен на нотар
– документ за лична идентификација на управител, сопственик и овластено лице.
Сите останати документи потребни за отворање на денарска трансакциска сметка на правно лице можете да ги добиете на веб страницата на Еуростандард банка на следниот линк: eurostandard.com.mk/mk/ostanatiuslugi-pravni/smetki-pr#потребни-документи
Домашни банки
Халкбанк АД Скопје започнувајќи од 1-ви февруари ќе изврши промена на Тарифата за платен промет во земјата


Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека почнувајќи од 01.02.2021 година направи измена во тарифата за надоместоци и услуги на Банката во делот на месечно одржување на трансакциона сметка за правни лица, се менуваат следните тарифни ставки и истите гласат: (more…)
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола започна со предвремена исплата на јануарските пензии


Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти пензионери кои својата пензија ја примаат преку Стопанска банка а.д. Битола и се корисници на картички, дека можат да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од денес (26.01.2021 година). (more…)
Домашни банки
УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на јануарските пензии


УНИБанка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, известува дека овозможи исплатата на пензијата за месец јануари на трансакциска сметка да биде денес, на (26-ти јануари 2021 година). (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!