Connect with us

НБРМ

Усвоен Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2022-2024 година

Објавено

на

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоен Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2022-2024 година.

 Стрaтегискиот план на Народната банка е поставен под мотото „Централна банка којашто со флексибилни, соодветно осмислени и навремени одлуки, во време на брзи промени и дигитална трансформација, придонесува за повисок животен стандард на граѓаните преку создавање амбиент на одржлив и инклузивен економски развој“.  Преку деветте стратегиски цели, Народната банка и понатаму ќе им биде посветена на унапредувањето на процесот на спроведување на монетарната политика, на стабилноста на банкарскиот систем, непреченото функционирање на платните системи, на управувањето со девизните резерви, а сето тоа заради обезбедување услови за ефикасни, иновативни и сигурни финансиски услуги. Истовремено, со оглед на тоа дека живееме во време на забрзани промени на глобалната сцена, како резултат на процесите на глобализација, дигитализација, иновација, климатски промени и глобална здравствена пандемија, Народната банка стави акцент и на овие нови трендови во овие области.

Во фокусот на новиот Стратегиски план ќе бидат и финансиската едукација и инклузија, со оглед на важноста на зголемувањето на сознанијата за предностите од користењето различни финансиски услуги во време на технолошки иновации, како и зголемена свесност за ризиците, што, пак, би обезбедило поголема вклученост на населението и малите претпријатија во финансиските текови и олеснет пристап до финансии. Воедно, една од стратегиските цели е и развивањето на свесноста за климатските промени и давањето придонес кон создавањето „зелена“ и одржлива економија, што би придонесло за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и подобрување на нивниот животен стандард. Со издвојувањето на стратегиска цел за транспарентност и отчетност, Народната банка ќе продолжи со активностите за навремено информирање на сите заинтересирани ентитети за своите одлуки, активности, согледувања и оцени, коишто се од значење за економските субјекти и граѓаните, вклучително и во процесите на носење одлуки.

Стратегискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија претставува среднорочна рамка за следните три години, согласно со која ги остваруваме нашите активности и нашата визија да бидеме препознаени како независна, одговорна, професионална, иновативна и транспарентна институција, којашто ужива висока доверба и кредибилитет во јавноста.

НБРМ

Поставеноста на монетарната политика е оценета како соодветна на макроекономските услови

Објавено

на

На 15 јуни 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на Народната банка учествуваше на годишниот состанок на Одборот на ЦЕФ, Љубљана

Објавено

на

Како член на Одборот, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на годишниот состанок на Одборот на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ). На состанокот којшто се одржа виртуелно, меѓу другото, беше усвоен Стратегискиот план на ЦЕФ за периодот 2022-2026 година. Со планот се дефинираат клучните предизвици на земјите во регионот во постпандемискиот период и соодветно на тоа, и поддршката којашто ќе ја обезбедува ЦЕФ во овој период заради натамошно јакнење на институциите во регионот. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: За да се оствари стабилен економски раст клучни се зголемувањето на продуктивноста, вложувањето во човечкиот капитал, структурните реформи и дигитализација

Објавено

на

Со навестувањето на постпандемискиот период, време е да се размисли како непречено да се заменат општите економски политики со поспецифични, секторски политики што ќе ја олеснат оптималната прераспределба на ресурсите и посткризната трансформација на економиите, со цел да се зголеми потенцијалот за поголем економски раст. Со цел да се отстранат економските лузни од пандемијата, треба да се зајакне отпорноста на економиите и да се стимулира растот на продуктивноста. Притоа, треба да се продолжи и со решавањето на претпандемиските структурни прашања, но и да се биде во чекор со постпандемичните потреби што се појавуваат, особено во областа на дигитализацијата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно