Connect with us

НБРМ

Усвоен Извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија во 2017 година и донесена нова Одлука за методологијата за управување со кредитниот ризик

Објавено

на

Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен Извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија во 2017 годинаПритоа беше констатирано дека македонскиот финансиски систем, во текот на минатата година работеше во поповолно опкружување споредено со 2016 година. Тој ја одржа својата стабилност и сите негови сегменти работеа непречено. Македонскиот финансиски систем има релативно едноставна структура, скромна поврзаност на активностите на одделните сегменти и отсуство на сложени финансиски инструменти, поради што ризикот од евентуално прелевање на проблеми помеѓу институционалните сегменти е незначителен.

На седницата, при разгледување на Извештајот беше потенцирано дека и во 2017 година, банките остануваат најзначајниот фактор за одржување на стабилноста на целокупниот финансиски систем и на одделните финансиски институции. Банкарскиот систем е најголемиот сегмент од финансискиот систем, во кој се вложени депозитите на нефинансискиот сектор, но и на другите финансиски институции. Во текот на минатата година, немаше позначителни промени во однос на изложеноста на банкарскиот систем на ризиците во работењето. Ризиците од нефункционалните кредити не се големи, имајќи предвид дека банките обезбедуваат високо нивно на нивна покриеност со исправка на вредноста, при што нивната евентуална целосна ненаплата не би ја нарушила солвентноста на банките.

Меѓу другото, во Извештајот е истекнато дека минатата година дојде до подобрување на солвентноста на банкарскиот систем, при што стапката на адекватност на капиталот достигна 15,7%. Високиот износ и квалитет на сопствените средства со кои располагаа банките, овозможи релативно лесно усогласување со новите повисоки капитални барања, кои беа воведени заради примена на меѓународните стандарди во овој домен, пред сè на стандардот Базел III, чија цел е зајакнување на отпорноста на банките и банкарскиот систем. Ликвидноста на банкарскиот систем е задоволителна, при што во 2017 година, ликвидните средства се задржаа на ниво што овозможи непречено извршување на деловни активности на банките.

Во Извештајот, одделно е нотирано и дека во 2017 година, домашниот корпоративен сектор бележи подобрување на показателите од работењето утврдени врз основа на агрегираните официјални финансиски извештаи на секторот, коешто во голема мера се темели на новите извозно ориентирани капацитети. Висината на долгот на корпоративниот сектор расте побавно, при што за првпат во последните седум години дојде до намалување на неговата нето-задолженост кон надворешните доверители, поради растот на дадените кредити од домашни корпоративни клиенти кон нерезиденти. Сепак, искуството на банките покажува поголеми ризици од корпоративниот сектор, наспроти домаќинствата, поради што е сè поголем нивниот интерес за кредитна поддршка токму на домаќинствата. Поголемиот интерес на банките за кредитна поддршка на домаќинствата е поткрепен и со зголемената побарувачка за кредити пред сè во доменот на станбеното кредитирање, поволните остварувања на пазарот на труд и поволните очекувања на потрошувачите во поглед на невработеноста и финансиската состојба. Стимул за поголемо кредитирање на домаќинствата претставува и солидната наплата и следствено добриот квалитет на кредитното портфолио на банките кон домаќинствата, што се согледува преку ниската и стабилна стапка на нефункционалните кредити од 2,4%.

При разгледување на Извештајот, одделно внимание беше посветено и на капиталното финансираното пензиско осигурување и на осигурителниот сектор, како следни два поголеми сегменти од финансискиот систем. Притоа се заклучи дека тие не создаваат ризици за финансиската стабилност. Пензиските фондови влегуваат во тринаесетата година од нивното основање и сè уште немаат поголеми обврски врз основа на исплата на пензии, а исто така и применуваат конзервативна стратегија на инвестирање на прибраните средства. Друштвата за осигурување се карактеризираат со висока солвентност и ликвидност. Останатите помали институционални сегменти на финансискиот систем, со својот ограничен обем на активности, исто така не претставуваат ризик за финансиската стабилност. Во Извештајот е истакнато дека е потребно да се посвети поголемо внимание на финансиските друштва кои се широко присутни и лесно достапни, поради можното зголемување на скапата задолженост на нивните кредитокорисници.

Во дискусијата во врска со Извештајот, уште еднаш беше потенцирано дека НБРМ и натаму останува подготвена да ги преземе сите потребни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс, во насока на одржување на ценовната стабилност како нејзина основна цел, но и како поддршка на финансиската стабилност како нејзина втора законски утврдена цел.

На седницата, Советот разгледа и донесе и нова Одлука за методологијата за управување со кредитниот ризик, која е изработена во насока на усогласување на домашната регулативата со барањата на меѓународниот стандард за финансиско известување МСФИ 9, како и со одредбите од европските стандарди донесени од страна на Европскиот банкарски орган и Европската централна банка, пред сè во однос на дефинирањето на нефункционалните и реструктурираните кредитни изложености. Оваа Одлука ќе се применува од 1 јули следната година.

Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.

НБРМ

НБРМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%

Објавено

на

На 12 февруари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкноти со “Република Северна Македонија” на почетокот од 2020 година

Објавено

на

Менувањето на банкнотите на кои ќе треба да стои новото име Република Северна Македонија ќе почне од идната година, соопштија од Владата која издаде серија на обврски со сите државни институции за почеток на примена на новото име. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ усвои две стратегии за јакнење на финансиската стабилност во земјава

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange