Connect with us

НБРМ

Уредбата за “замрзнување на ратите за кредитите” помина на владина седница

Објавено

на

На денешната 28-ма седница Владата на Република Северна Македонија ја донесе Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците.

Со неа се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците.

Она што се уредува во оваа уредба е начинот на одлагање на ратите на долговите на граѓаните и на фирмите, односно истото ќе може да се направи без да се оди на шалтер во банка и да се потпишува анекс. Уредбата вели дека секоја банка ќе објави на својата веб страница ќе го извести клиентот за поповолната понуда која се однесува на тековниот кредит. Физичкото лице има рок од 10 дена не се произнесе, односно не каже дека ја одбива понудата и во тој случај ќе се смета дека поповолната понуда (на пример. замрзнување на ратите за три месеци) е прифатена.

На Уредбата работеа Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација.

НБРМ

Финансиските регулатори ќе ја менаџираат кризата и одржуваат целосната финансиска стабилност

Објавено

на

Финансиските регулатори ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем. И во околностите коишто ги наметнува корона-кризата, со максимална посветеност на секој регулатор во рамки на неговите надлежности, координирано ќе се одржува финансиската стабилност. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор

Објавено

на

„Очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор. Токму тоа и беше цел на измените на регулативата за работењето на банките, коишто ги донесовме. Претходно направивме детални анализи, за да се дојде до решение со коешто истовремено ќе се помогне на населението и на компаниите и ќе се одржи финансиската стабилност. Очекуваме банките активно да ги имплементираат можностите од регулаторните измени.” Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во вчерашното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. Таа посочи дека Народната банка ги следи и ги анализира понудите за промена на договорните услови за кредитите, коишто се објавуваат деновиве. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем има капацитет да испорача поддршка за населението и компаниите. Денарот е и ќе остане стабилен

Објавено

на

„Нашиот банкарски систем останува здрав и стабилен. Тој има капацитет да се справи со шоковите коишто ги предизвикува состојбата со коронавирусот.“ – истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за телевизијата 24. Последните расположливи податоци коишто датираат од почетокот на оваа година, како што посочи таа, потврдуваат висока капитализираност, висока ликвидност и висок квалитет на активата со којашто располага системот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно