Connect with us

Останато

Управата за јавни приходи ќе добие нов директор – Лукаревска заминува од функцијата

Објавено

на

Сања Лукаревска повеќе не е директорка на Управата за јавни приходи, додека Мартин Костовски повеќе не е прв човек на Службен весник. Тоа значи дека овие институции ќе добијат нови директори по одржаните предвремени парламентарни избори, пишува Фактор.

Лукаревска и Костовски станаа пратеници во македонското Собрание преку Изборната единица 2 како кандидати на СДСМ и коалицијата „Можеме“, која освои најголем број на мандати по изборите на 15 јули и во моментов најавува дека е блиску до повторно составување на владеачко мнозинство за нова Влада.

Вршител на должност директор на УЈП сега е Фарук Имери, а Лукаревска тврди дека времето ќе покаже дали ќе биде пратеник во Собранието или ќе стане владин функционер и ќе предводи одреден ресор доколку СДСМ повторно состави Влада.

„Во моментов повеќе не сум избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието, а во иднина мојата партија и идниот премиер ќе одредат која функција ќе ја извршувам”, изјави Лукаревска за „Фактор“ откако три години беше на чело на УЈП и беше дел од неколку проекти од фискалната политика.

На местото на Костовски во Службен весник како вршител на должност е назначена Татијана Лалчевска, која исто така беше кандидат за пратеник од листата на СДСМ во Изборната единица 6 но не успеа да влезе меѓу 120-те народни избраници.

„Јас бев избрано лице од Владата како директор, но сега сум пратеник и тоа планирам и да останам, односно да ги застапувам гласачите кои ми ја дадоа довербата на изборите”, ни изјави Костовски.

Од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме“ има и други избрани функционери кои сега станаа пратеници, па така Дарко Каевски е директор на Агенцијата за млади и спорт, Фаница Николоска е одговорно лице на Државниот управен инспекторат, а Боби Мојсоски е управител на затворот „Идризово“.

Извор: Faktor.mk

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР предвидува пад на економијата од дури 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната 2021 година

Објавено

на

„Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно