Connect with us

Домашни банки

УНИ Банка ќе издаде Перпетуална обврзница на износ од 5 милиони евра

Објавено

на

УНИ Банка ќе издаде нов капитален инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката.

Количината на обврзниците ќе биде 5.000 со апоенска структура од 1.000 евра.

Обврзниците ќе се понудат по цена од 1.000 евра.

Нето приходите од обврзницата ќе бидат додадени во основната главнина на Банката како додатен капитал и ќе се користат за кредитниот пораст.

Обврзниците не се гарантирани, односно не се покриени од друг вид на обезбедување на банката.

Ообврзници немаат рок на достасување и затоа се нарекуваат. „вечни“.

Тие ќе имаат фиксна каматна стапка за првите пет години од 9% на годишно ниво, а после тој период, во наредните две години се зголемува за уште 2% и ќе изнесува 11% на годишно ниво.

Банката може по сопствено видување да одлучи да ја укине, односно да не плаќа камата за неопределен временски период.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во јуни на 2-рата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ Нора Алити донесе одлука банките да можат да издаваат нова хартија од вредност – перпетуална обврзница, со што се збогати понудата на македонскиот пазар на капитал со уште еден финансиски инструмент. Тоа значи дека финансиските инструменти издадени од банка како капитални инструменти во форма на перпетуални обврзници кои можат да се вклучат во додатен основен капитал согласно Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот од НБРМ, да се сметаат за хартии од вредност.

Домашни банки

ПроКредит Банка овозможи електронско отварање на орочен депозит

Објавено

на

ПроКредит Банка овозможи електронско отворање на орочен депозит директно преку нивното е-банкарство. Со оваа опција, клиентите имаат комплетна флексибилност, сигурност и дискреција при раководење со своите лични финансии и не мора да зависат од работното време на филијалите за креирање на навика за штедење. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Зелена наградна игра на Охридска Банка!

Објавено

на

Бидете дел од најзелената наградна игра на Охридска банка Сосиете Женерал. Направете 10 трансакции со дебитна и 5 транскакции со кредитна картичка и освојте електричен тротинет! Од 17 Декември до 28 Февруари 2019 година купувајте со картичките на Охридска банка Сосиете Женерал. 20 електрични тротинети чекаат на вас! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Вечерва отворање на изложбата од ликовната колонија „Вевчански видувања 2018“ во НЛБ Галерија

Објавено

на

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“, вечерва (17 декември, понеделник), во 19 часот, во НЛБ Галерија во Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange