Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Уни Банка со добивка од 2 милиони евра во првите 6 месеци

Објавено

на

„Уни банка“ оствари добивка од 2 милиони евра за половина година и тоа е резултат што е за нијанса подобар од истиот период лани кога добивката беше пониска за 32.400 евра. Најзначајно да се истакне е тоа што „Уни банка“ е во кредитна офанзива затоа што за период од шест месеци го има зголемено кредитирањето за речиси 30 милиони евра од износ од 208,4 милиони евра.

Нето приходите од камати за половина година достигнаа 5,8 милиони евра и во споредба со истиот период лани се поголеми за 701.750 евра што е раст за солидни 13,7 отсто. Солиден раст банката остварила и од нето приходите од провизии. Тие достигнале ниво од 1,25 милиони евра и бележат раст во однос на истиот период лани од 203.600 евра. Останатите приходи на банката изнесуваат 245.000 евра и се на исто ниво од лани.

Заради зголемените кредитирања зголемени се и резервациите на банката. Тие за крај на јуни достигнаа ниво од 730.000 евра и во споредба со истиот период лани се поголеми за 500.000 евра. Расте и другата важна расходна ставка, а тоа е трошокот т.е. загубата заради оштетување на нефинасиски средства. Тие изнесуваат 217.600 евра на крај на јуни годинава, а во истиот период лани биле 150.000 евра помали.

Врвен приоритет на менаџментот на „УНИ Банка“ е зголемување на пазарната позиција. Тоа се гледа преку растот на кредитирањето. Во спореба со крајот на 2017 година кредитите се зголемени за 29,7 милиони евра и достигнаа 208,4 милиони евра на крајот на јуни годинава. Тоа е многу значаен индикатор за политиката на компанијата и треба да ги радува сите акционери на банката. Паралелно со растот на кредитирањето знајачно пораснала и депозитната база на банката. Нивото на депозити на крај на декември лани било околу 204 милиони евра, а на крајот на јуни достигнало 231,3 милиони евра.

Домашни банки

НЛБ Банка добитник на награда „Компанија ориентирана кон луѓето“

Објавено

на

Во рамките на овогодинешната 11. Меѓународна конференција за човечки ресурси „HR – the catalyst of transformation“, Македонската Асоцијација за човечки ресурси – МАЧР ја одликуваше НЛБ Банка АД Скопје со плакета „Компанија ориентирана кон луѓето“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк традиционално организираше Ифтар во рамки на месецот Рамазан

Објавено

на

Халкбанк и оваа година, во рамки на месецот Рамазан, традиционално организираше Ифтар за голем дел од своите партнери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк и Мастеркард и оваа година верни партнери на „Охрид ТрчаТ“

Објавено

на

Халкбанк во партнерство со Мастеркард и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ го најавија продолжувањето на својата соработка за третото издание на спортскиот хепенинг „Охрид ТрчаТ“, кој оваа ќе се одржи во периодот од 31 мај до 2 јуни во Охрид. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange