Connect with us

Домашни банки

УНИ банка во 2017 има 63% повисока добивка во однос на минатата година

Објавено

на

Дека оваа година беше дефинитивно година на УНИ банка говорат и извонредните резултати со кои истата го заокружи третиот квартал на 2017 година.

Генерално, со крајот на третиот квартал може да се заклучи дека трите мали банки во Република Македонија имаат значајно подобри резултати од аспект на обемот и пазарното учество од четирите големи банки, сите чии акции котираат на берзата.

„УНИ Банка“ има втор најголем раст на добивка (во проценти) за првите девет месеци годинава во конкуренција на банките чии акции котираат на берзата. „УНИ Банка“ за првите девет месеци има добивка од 190,2 милиони денари односно 3,08 милиони евра. Во споредба со истиот период лани добивката на „УНИ Банка“ е за 73,4 милиони денари повисока односно, истата се зголемила за цели 63%. Фактот дека станува збор за сериозен пораст се потврдува и со споредбата на добивката на ,,УНИ Банка” со една од најголемите банки во Р.Македонија, ,,Комерцијална банка”. Во однос на тоа, добивката на „УНИ Банка“ е речиси двојно поголема од добивката на неколку пати поголемата ,,Комерцијална банка”.

Овој раст , според билансот на успех на банката веројатно се должи на порастот на приходите во двете најважни категории кои се и генераторот на растот на добивката во споредба со лани. Најголемата приходна ставка – каматите на нето основа се повисоки за 70 милиони денари во споредба со истиот период лани и достигнале 486,2 милиони денари до крајот на септември годинава,а  втората по големина приходна ставка – надоместоците и провизиите пораснале за 6 милиони денари на нето основа, што значи дека банката го зголемила обемот на деловни операции или зголемила ставки за услуги на својот тарифник за услуги.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно