Connect with us

Осигурување

Унит Линк Производот на Триглав Осигурување Живот – одлична можност за животно осигурување со инвестирање во удели во инвестициски фондови

Објавено

на

Денес, животното осигурување е реална потреба за да можеме да одговориме на сите предизвици кои ги носи современиот начин на живот. Покрај тоа што животното осигурување овозможува финансиска заштита и безбедност на нашите најблиски во случај на несакани настани, истовремено ни помага да бидеме подготвени за идни значајни случувања како: план за образование на деца, сигурни пензиски денови, инвестиција во недвижнини и слично.

Освен полисите за осигурување на живот со штедење, можноста истовремено да се инвестира во удели на инвестициски фондови преку животното осигурување е одлична можност за корисниците кои имаат јасно поставени цели за иднината.

Триглав Осигурување Живот во своето портфолио на продукти понуди нов, атрактивен Унит Линк производ кој нуди балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови. Унит Линк претставува производ кој прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премија која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.

“Унит Линк производот го креиравме со цел клиентите да имаат можност и слобода сами да ги избираат условите. Тоа е една од најголемите придобивки на производот односно клиентите сами ја избираат висината на годишната премија, периодот на осигурување како и висината на загарантираната осигурена сума. Осигурувањето може да се склучи на период од 3 до 20 години што нуди одлична можност за инвестиција на краток или подолг временски период согласно личните потреби и планови на клиентите. Во случај на смрт на осигуреникот, кон корисниците се исплаќа избраната осигурена сума и моменталната вредност на инвестиционата сметка. Во случај на доживување, се исплаќа вкупната вредност на инвестициската сметка при завршување на договорот за осигурување. Овој производ е особено атрактивен за клиенти кои се подготвени да инвестираат со цел остварување на повисок принос а притоа да имаат и полиса за животно осигурување.” – велат од Триглав Осигурување Живот.

Покрај основното осигурување на живот со инвестирање во удели, овој производ нуди можности за дополнително осигурување од несреќен случај или тешко болни состојби. Триглав Осигурување работи со инвестициски фондови кои имаат силно портфолио и долгогодишно искуство на македонскиот пазар.

Осигурување

Земјоделци и фармери за три месеци во осигурување вложија 2 милиони евра

Објавено

на

Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни. Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа е преку зголемување на масовноста значајно да се намали цената на осигурувањето, а истовремено со акумулација на средствата на осигурениците-земјоделци да се создадат големи фондови од кои ќе се исплаќаат штети кои може да ги предизвикаат временските непогоди и особено актуелните климатски промени. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување Живот со уникатна можност за своите осигуреници, членство на Сторнест услугата со секоја полиса!

Објавено

на

Триглав Осигурување Живот го склучи првиот договор за соработка со финансиска институција во земјава со компанијата Сторнест со цел подобрување на квалитетот на услугите и овозможување на придобивка пoвеќе за своите клиенти. Со овој склучен Договор, сите досегашни и идни осигуреници на Триглав Осигурување Живот ќе добијат унифициран пристап до своја сметка – чувар на податоци на сите хартии од вредности кои ги поседуваат, без надоместок. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Осигуреници вложија над 40 милиони евра, осигурителниот пазар порасна 10%

Објавено

на

Осигурувањето имот останува најголема доброволна осигурителна класа од сите неживотни осигурувања. Приватното здравствено осигурување за прв пат досега е втора по обем класа доброволно осигурување. Најголем раст на вложувањата, од дури 180%  има кај осигурувањето кредити. Продажбата на патничкото осигурување, по укинување на анти – ковид рестрикциите порасна 80%. (more…)

Продолжи со читање


Популарно