Connect with us

Странски банки

УниКредит почнува активно да користи вештачка интелигенција

Објавено

на

Пан-европската банкарски услуги УниКредит објави дека користи пилот софтвер за вештачка интелигенција (АИ) со кој значително ќе ги подобри своите советодавни услуги за корпоративни клиенти.

Платформата SynFinance, беше усвоена благодарение на инвестицијата на фирмата во Axyon AI – италијански старт ап кој има за цел да воведе вештачка интелигенција во финансискиот сектор. Axyon доби околу 1,5 милиони долари од UniCredit и ING Ventures,

Едноставно, SynFinance користи AI да го анализира пазарот за синдициран заем на начин кој е далеку побрз и попрецизен отколку што може да се направи рачно. Софтверот моментално ги испитува податоците од 10.000 кредити кои беа спроведени во 2017 година, како што се цените и обемот, пред да се сугерираат различни банки кои би можеле да дејствуваат како група кредитори.

Со лично прифаќање на SynFinance, УниКредит верува дека ќе обезбеди конкурентна предност над другите заемодаватели. Понатаму, тоаќе и помогне на банката поуспешно да ги советува своите клиенти да допрат до повеќе заемодаватели одеднаш преку својата анализа на ликвидност.

“Го започнавме пилот проектот SynFinance во контекст на синдикална врска, со цел да ги подобриме нашите советодавни способности преку интеграција на податоци во апликацијата, и на ниво на инвеститор и на договор”, објаснува Раниери де Марчис, ко-главен оперативен директор во УниКредит. “Другите ветувачки случаи на употреба се дискутираат и ќе ги следиме во догледно време”.

Странски банки

Кина вбризга рекордни 83 милирди долари во банкарскиот систем

Објавено

на

Централната банка на Кина инјектираше 560 милијарди јуани (83 милијарди долари) во домашниот банкарски систем, што е рекорден износ вбризган во банкарството за еден ден, оценува каналот „CNBC“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Сметки за режиски трошоци во Србија ќе се плаќаат преку “СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА”

Објавено

на

Граѓаните на соседна Србија од март годинава ќе имаат можност да ги плаќаат тековните сметките преку систем за препознавање лице (face recognition), најави за Танјуг гувернерот на НБС, Јоргованка Табаковиќ.

Народната банка на Србија планира во првиот квартал од 2019 година да ја воведе оваа нова услуга, која е дел од решението за инстант плаќања, чија имплементација започна во октомври минатата година.

“Ќе биде можно преку скајп или визуелна идентификација на клиентот да се реализира плаќањето”, вели Гувернерката.

“Тоа ќе биде навистина револуционерна иновација како дополнување на инстант плаќањето. Иако сме подготвени со тимот да стартуваме веднаш, сепак ќе почекаме да помине евалуацијата за напредокот на Србија во поглед на спречување перење пари за да бидеме сигурни дека оваа нова услуга може да се пушти за користење”.

Конкретен датум кога граѓаните ќе имаат можност да започнат со користење на оваа услуга ќе се знае по состанокот на MANIVAL (Европски комитет за спречување перење пари и финансирање тероризам) кој ќе се одржи на 23. јануари.

На состанокот ќе се анализира напредокот на Србија во примената на сите правила поврзани со перење пари, а доколку ставот на оваа институција биде позитивен, плаќањето преку препознавање на лице може да биде пуштен во употреба веќе во февруари.

Продолжи со читање

Странски банки

Џим Јонг Ким се повлече од функцијата претседател на Светска банка

Објавено

на

Претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким ја напушта функцијата на 01 февруари, се наведива во соопштението од СБ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange