Connect with us

Странски банки

УниКредит ги преполовува менаџерските бонуси!?

Објавено

на

Италијанскиот банкарски гигант „UniCredit” објави дека ќе ги преполови бонусите предвидени за дополнителни надоместоци на нивните врвни менаџери за 2020 година, во согласност со барањата на регулаторот (Европската централна банка) за „драстично“ намалување на премиите во случај на пандемија.

Вкупниот износ на бонусот за 1.063 извршни директори е намален на 65 милиони евра (77 милиони долари) од 122 милиони евра колку што изнесувал една година претходно, се вели во официјалното соопштение на веб-страницата на банката. Исто така, во соопштението се наведува дека ќе бидат преполовени и бонусите на менаџерите од пониските нивоа на менаџмент, објавија од банката.

Објавата на „UniCredit” е само потврда за трендот на ограничување на бонусите во банкарскиот сектор, по турбулентната година одбележана со пандемијата на вирусот КОВИД-19. Германската „Deutsche bank AG” беше принудена да ги намали плановите за својот бонус фонд откако Европската централна банка се спротивстави на нивото на награди и бонуси.

„UniCredit” исто така соопшти дека новиот извршен директор Андреа Орсел ќе добие максимален бонус предвиден во неговиот договор за 2021 година, без исплатата да биде поврзана со успешноста и финансиските резултати на банката. Од 2022 година, Орсел ќе добие комбинација на компензација заснована на перформанси и фиксен надомест. Банката потврди дека Орсел нема да добие исплата за надомест со цел да ги компензира изгубените десетици милиони долари во одложените бонуси како резултат на напуштањето на неговиот поранешен работодавец, швајцарската банка „UBS”.

„UniCredit” објави дека седумте врвни менаџери на банката, решиле доброволно да се откажат од бонусот за 2020 година, откако Жан Пјер Мустиер исто така се откажал од 25% од приходите добиени во 2020 година.

Странски банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Објавено

на

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно