Connect with us

Осигурување

Уника укинува 600 работни места до крајот на 2022 година

Објавено

на

Осигурителната група „Уника” планира да укине околу 600 работни места до 2022 година, претежно во Австрија и да затвори една третина од филијалите во матичната земја, соопшти австриската осигурителна компанија.

Во соопштението се наведува дека намалувањето на бројот на вработени треба да се реализира што е можно повеќе преку „природен одлив” на работната сила, односно пензионирање и договорено прекинување на работниот однос, пренесува порталот „de24. news“.

Во периодот јануари-септември годинава, групата „Уника” во просек имала 12.750 вработени.

Намалувањето на бројот на работни места оваа година ќе ја чини компанијата до 110 милиони евра, но раководството смета дека ќе ги надомести тие трошоци со заштеда на идните трошоци во износ до околу 50 милиони евра годишно.

Осигурување

За само еден месец граѓани наплатија еден милион евра од осигурување живот

Објавено

на

Во првите седум месеци годинава компаниите за осигурување живот исплатиле 494 милиони денари (8 мил.евра) на осигуреници или на лица кои биле носители на правата од полисите за осигурување живот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Во ек на летни одмори, само во јули, 80.000 граѓани вложија 685.000 евра во патничко осигурување

Објавено

на

Во јули граѓани, компании и институции вложија 18,6 милиони евра во неживотно осигурување. Од доброволните осигурувања најголемо учество во продажбата имаат осигурувањето имот, пред каско осигурување моторни возила и доброволното (приватно) здравствено осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Промени во Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје

Објавено

на

На 17-тата седница на Собранието на акционери на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, одржана на ден 14.07.2023 година, донесена е Одлука за избор на Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска за неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно