Connect with us

Домашни банки

УНИБанка ќе прифаќа фактури доставени по електронски пат

Објавено

на

Со цел избегнување на ризиците од корона вирусот Covid-19 и согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за данок на додадена вредност за време на вонредна состојба, УНИБанка АД Скопје ги известува своите деловни партнери дека ќе прифаќа за плаќање фактури пратени по електронски пат.

Фактурите пратени по електронски пат треба да се доставуваат исклучиво на e-mail адресата Arhiva@unibank.com.mk, при што во e-mail пораката треба да биде нагласено дека од УНИБанка АД Скопје се бара согласност дека ја прифаќа фактурата пратена по електронски пат.

Доколку Банката во рок од 10 дена не се изјасни, ќе се смета дека ја прифаќа фактурата пратена по електронски пат.

Секоја фактура која ке се достави на друга e-mail адреса, освен на погоре наведената ќе се смета дека не е примена во Банката.

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно