Connect with us

Домашни банки

УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата од 9% на имателите на Перпетуални обврзници

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 24.01.2022 година ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2022 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 20 и 21 Јануари 2022 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 183 и 184 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 24 и 25 Јануари ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 24 и 25 Јануари 2022 година, соодветно  и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно