Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

УНИБанка чекори напред – профит од 4,3 милиони евра во 2018 година!

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје во 2018 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот бизнис план за 2018 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

Во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година УНИБанка АД Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 268.570 илјади денари или 4,3 милиони евра, што преставува зголемување за 9,84% споредено со нето добивката остварена во 2017 година.

Остварени приходи

Остварените вкупни приходи од работење во 2018 година изнесуваат 1.327,5 милиони денари и во однос на минатата година бележат пораст од 15.6%.

Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 268,6 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 72.1% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2017 година се зголемени за 17.9%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2017 се зголеми за 27.3% и достигна ниво од 14,04 милијарди денари. Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население, и соодветно е остварен годишен пораст од 25 процентни поени на приходите од камати на население.

Порастот на кредитирањето, зголемениот обем на активности во доменот на платен промет и картично работење, придонесоа приходите од провизии на банката да се зголемат за 10.7% во однос на истиот период од минатата година.

Остварени расходи

Остварените расходи во 2018 година изнесуваат 1.031,2 милиони денари и бележат пораст од 16.9% во однос на истиот период од 2017 година. Значителен придонес во зголемувањето на расходите на банката имаат расходите од камати како резултат на прибирањето на дополнителни средства од финансискиот сектор. Зголемените расходи на банката произлегуваат и од порастот на административните расходи, како и поголемиот износ на издвоени средства за евентуални кредитни загуби.

Податоците за остварување на билансните цели на банката се над очекуваните заклучно со последниот квартал од 2018 година. Растот на кредитното портфолио на банката е над планираниот, со особен акцент на порастот на кредитирањето на секторот население, кое бележи пораст од 30% во однос на Декември 2017.

Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба за 2018 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на поголемо отстапување кај изворите на финансирање од финансискиот сектор, кои бележат зголемување од 105% во однос на 31.12.2017 година и се основна причина за зголемување на цената на финансирање на банката како и oстварување на понизок нето каматен приход на банката од планираниот за 2018 година.

Во престојниот период банката очекува континуиран раст на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, пред се учеството на трансакциските сметки, остварување на повисока нето каматна маргина, зголемување на пазарното учество и исполнување на сите зацртани цели во Бизнис планот на Банката за 2019 година.

Домашни банки

НЛБ Банка спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”

Објавено

на

НЛБ Банка е спонзор на настанот “5.FMCG SUMMIT Скопје 2019”, кој се одржува денес (16.05) и на едно место ги обедини трговците, дистрибутерите и производителите за да ги слушнат новитетите од најзначајните домашни, регионални и светски авторитети во FMCG секторот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на Стопанска банка АД-Скопје намалена за неверојатни 42,9%

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 31.03.2019 година Стопанска банка АД – Скопје (во натамошниот текст: СБ) оствари нето добивка пред оданочување во износ од 599.895 илјади денари, што претставува намалување за 42,9% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога СБ склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат, објави банката преку соопштение на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Работилница со ПроКредит Банка: Важноста на комуникациските вештини во процесот на селекција при вработување

Објавено

на

Важноста на комуникациските вештини при вработување е особено голема во модерното и динамично општество поради се поголемата конкуренција на пазарот на трудот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange