Connect with us

Домашни банки

УНИБанка со известување до клиентите за скратено работно време на експозитурите

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека сите експозитури на Банката ќе работат со скратено работно време, од понеделник до петок од 08:00 часот до 12:00 часот, додека во сабота експозитурите нема да работат.

Централата на Банката ќе работи со скратено работно време, од понеделник до петок од 08:00 часот до 12:00 часот, додека во сабота нема да работи.

Сите клиенти кои што ќе бидат во редот пред експозитурите до 12:00 часот ќе бидат услужени од страна на вработените без разлика за потребното време за завршување на нивните потреби.

Поради намалените капацитети во овој период, им се препорачува на клиентите да ги користат електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, односно апликацијата за електронско банкарство e-unibanka.mk и мобилното банкарство MyUnibank, како и мрежата на банкомати низ државата.

Потребните информации за сите понуди и услуги на УНИБанка се достапни преку веб-страницата на Банката, и Контакт центарот на ☎️ 02/ 3286 100 и 02/ 3111 111.

Домашни банки

Признание од „Global Finance“ за Комерцијална банка за извонредно кризно лидерство

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со признание за Distinguished Crisis Leadership in 2020 (Истакнато кризно лидерство во 2020 година) од страна на угледниот магазин „Global Finance“. Признанието е резултат на максималните напори што ги вложи Банката во услови на пандемија за да ги задоволи потребите и да им помогне на своите клиенти, да ги заштити своите вработени и да обезбеди поддршка на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено

на

На 28 октомври 2020 година ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори новата експозитура во Дебар Маало во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МБА: Македонскиот банкарски систем е стабилен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација следејќи ги најновите настани и дискусии во јавноста одржа состанок на кој се дискутираше за здравоста на банкарскиот систем и улогата на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно