Домашни банки
УНИБанка со добивка од над 3,5 милиони евра ја заокружи 2021 година


УНИБанка АД Скопје во текот на 2021 година успеа да оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и од областа на платните сервиси. И во овој период Банката продолжи со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции.
Речиси две години УНИБанка АД Скопје се справува со предизвиците наметнати од здравствено економската криза предизвикана од пандемијата COVID-19 која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во такви услови основна цел на Банката беше да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.
Остварените вкупни приходи од работење во 2021 година изнесуваат 1.715 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување од 5,89%.
Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 218,2 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.
Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 62% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2020 година се намалени за 4,9%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население. Во вкупните приходи од дејноста на банката, особено треба да се истакне значајниот пораст на приходите од провизии од 25%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги.
Остварените расходи заклучно со последниот квартал од 2021 година изнесуваат 1.497 милиони денари и бележат зголемувањеод 20% во однос на истиот период од 2020 година. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.
Oчекувања за претстојниот период
Во 2021 година, податоците за остварување на билансните цели на банката се реален одраз на последиците од здравствено економската криза предизвикана од COVID 19, чиј импакт продолжи да се чувствува подолго од очекуваното во моментот на изготвувањето на бизнис планот на Банката за 2021 година.
Анализата на структурата на пасиватана билансот на состојба на 31.12.2021 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на надминување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои се зголемени за 8.6%во однос на 31.12.2020година. Од друга страна прибраните средства од финансискиот сектор бележат значително намалување во однос на 31.12.2020 година што е согласно стратегијата на Банката за намалување на расходите за камати.
Светската пандемија предизвикана од COVID 19 продолжува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.
Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со корисни информации во процесот на донесување на соодветни деловни одлуки.
Во претстојниот период банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, со посебен акцент на зголемување на учеството на трансакциските сметки, оптимизирање на административните трошоци, зголемување на пазарното учествопо различни сегменти во банкарскиот секторво зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста, подобрување на квалитетот на услугите, усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање, развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење и исполнување на сите зацртани цели во Бизнис планот на Банката за 2022 година, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.
Исто така, УНИБанка планира и нова емисија на перпетуална обврзница слична на продуктот што го издаде во 2019 година.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје