Connect with us

Домашни банки

УНИБанка продолжува со поддршката за развој на дигиталните бизниси и претприемништво

Објавено

на

По успешното потпишување на договор со Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР) на С. Македонија, со кој се даваат големи поволности на Старт-ап компаниите ( повеќе за поволностите ), УНИБанка продолжува со засилена поддршка на претприемништвото и дигиталните бизниси.

На презентацијата за настанот “Недела на Start-Up и Мали и Средни Компании” организиран од ГС1 Македонија и ЦИКП, УНИБанка детално ќе го претстави новиот концепт “Мој Банкар”.

Услугата овозможува компаниите да добиваат полесен, побрз и поедноставен пристап до банкарските продукти, но од најголема важност консултации поврзани со нивните редовни деловни обврски за унапредување на работењето и финансиската стабилност кај компаниите.

За еден од најголемите предизвици за Start-Up и Малите компаниите е управување со солвентноста и финансиите. “Мој банкар” им овозможува на претприемачите насоки како да управуваат и кои се најсоодветните банкарски продукти што ќе овозможат ликвидност и финансиско “здравје” на нивните компании. Преку интерактивниот настан, претприемачите ќе бидат во можност директно да ги разгледаат бенефитите и начините за користење на услугата.

“Настанот е уникатна можност да го претставиме нашиот најнов концепт “Мој Банкар” пред главните двигатели на развојот на економијата, Start-Up-ите и претприемачите бизниси. УНИБанка како сериозна дигитална институција го има капацитетот да даде најдобриот совет за кои и какви банкарски продукти се потребни на еден бизнис и да ги консултира клиентите за финансиската состојба на нивните компании. Поради тоа се повеќе ќе се насочуваме кон поддршка на претприемништвото и дигиталните бизниси. Ние како Дирекција за Стратешки Клиенти секогаш сме на располагање и насочени кон унапредување на бизнисите на нашите клиенти.” – изјави Сања Митровска.

На настанот концептот ќе биде претставен од Сања Митровска – Менаџер во Дирекција за Стратешки Клиенти, која по завршување на конференцијата ќе може да биде контактирана на: sanja.mitrovska@unibank.com.mk.

Една од главните цели на УНИБанка е поддршката за дигиталните бизниси, развојот на дигитализацијата и претприемништвото во Македонија. Поддршката е во насока на исполнување и на долгорочната цел на УНИБанка да сопствените дигитални капацитети и напредни дигитални решенија ги приближи до клиентите за заедничко остварување на повисоки резултати.

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Експозитурата на УНИБанка во Охрид отсега на нова локација со нов и модерен изглед

Објавено

на

УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитура Охрид е преселена на нова локација во помодерни простории со цел подобрување на корисничкото искуство.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно